Јас некако отрпнав од земјотресите, по 11.9. 2016 во Скопје. Да, страшно може да биде, ама па никој не знае што, дали, кога, како. Може да има може да нема. Може да има сега па пак за 15 години. Тотално бескорисно е да седите и да мислите.
Не е лесно да се заборават 2016 и 2017 со земјотресите,поплавите и прејаките грмотевици. Бог да нè чува сите!
Тој во 2016 ако не се лажам попладнето беше афтершок. Сабајлето имаше 2 послаби, се сеќавам ме разбудија. Таква траума не знам дали ќе доживеам некогаш пак, се будев ноќе врескајќи, се осеќав ко да се тресе сè... Неколку дена не можев да спијам нормално после земјотресот.
Појак земјотрес не е афтершок на послабите, послабите се форшокови или афтершокови на појакиот. Освен тоа, далеку е епицентарот, во Јадранското Море.
западна Македонија се сети. Јас додуша седев на компјутер и го доев бебето не знаев дали беше земјотрес или снагата ми се тресеше
Тој истиот земјотрес и Охрид го затресе, додека јас мирно и убаво си спиев и почна земјотресот да ме буди.