Одма на фемина отварам јас знаев дека тука прво ќе прочитам ќе се осигурам дека имало земјотрес , да се насмееме малце Ама страшно луѓе, се сети убаво здррма, сопругот ништо не сетил топ мене ме разбуди и пиленцево леле колку беше исплашено душиче
Не дрмаше, го немаше познатото бучење. Само језиво лулаше. А богами на шести траеше и траеше. Се тресам скроз.
замисли на оние у џевахир како им е.. ја на 4ти сум па осетив ептен јако тресење. него некој шо нашол некое линкче да прати?
Траеше бааѓи долго. Јас кома бев, ама се разбудив. Нема шанси да било 3 степени. Не ги сеќавам тие обично . Не знам кај вас ама кај мене и звук имаше.
Има инфо кај беше? Ова ептен јако беше...штом јас во куќа го осетив, а обично тука не ги осеќаме... Уф...
Можно е, особено заради врнеживе. А и обично одат по неколку послаби и еден два посилни. Е сега не знам овие какви беа..