Според ова што го гледам тука, да најјак е, цел ден имале послаби земјотреси од 3-4, па не ги осетивме. @Kimberly11 во право си била Ај да си легнеме сите слободно сега.
И јас сум во куќа ама здрма убаво сите спијат само јас го осетив неможам уште да се соземам се преплашив
Кога ја видов Сестрами со внукот,писка да бегаме,не престанува земјотресов,мислев готово срце ми пукна,кај ке бегаш од 7ми спрат.Сеа спиење слабо,уфф у пм.
Сајтовите за измерени земјотреси се толку преоптеретени да ни еден не ми отвара... Сме го осетиле овој од 6 кома нешто, другите се незначајни за да ги осетиме до тука.
Салам задрма во Бт! Јас се мачам да заспијам цела вечер и тамам си велев "Ајде спиј", ме заниша со се кревет. Одма се растропаа комшиите над мене, си реков значи не халуцинирам. Па,нема земјотрес шо го немам осетено Штом на приземје се осети,можам да замислам на погорните спратови како било. Откако ја преживеав серијата земјотреси во Охрид пред две год., нема страв веќе. Ајде на спиење Господ да не' чува!
За греота луѓето што живеат таму кај епицентарот многу е 6.4. Се надевам нема мнпгу штета или повредени.
Сега послаби треба да следат,да се смири тлото,нели? Нема спиење вечерва мислам. Ни се активира мозокот ептен.