Албанија е блиску до спојката на тектонската плоча во Јадранско море, кај нив логично е почесто да има земјотреси. Еве мапа на плочите: Има и други геолошки мапи на Албанија, но не се разбирам толку за да објаснам. Во секој случај постојат зони кои секогаш се повеќе сеизмички активни, ова не е ништо ново за Албанија. Кај нас овој се осети само како љуљање, ама долго љуљање. Некаде прочитав 15 секунди. Затоа некои не го ни осетиле. Кај нив било страшното, сигурно ги фрлило од кревет Инаку до сега 13 афтершокови имало после главниов земјотрес. И ќе продолжи да ги дрма уште цел месец. И додека го пишувам ова пак ме љуља
Почнува пак да се зголемува магнитудата? Овој пред 15мин 4 пред тоа намали на 3 овој сега колку? Едит: 5.4 аман више
И јас го почувствував земјотресот . Долго дрмаше , а богами и појако малку . Јас малите не ги чувствувам толку , ретко некогаш , ама овој беше појак . Тоа е , единствената природна појава што не може да биде предвидена однапред е земјотресот . Да се надеваме дека во блиска иднина ќе се најде начин да се предвиди барем приближната јачина на земјотресот , ако не време .
Tројца загинати во земјотресот во Албанија, се стравува дека бројката ќе раст. https://kurir.mk/svet/region/trojca...z2iweGZRwPwUVA8fhp3IW6khD_gpbHNfxnov_K0xOri8Q
И последниов не го сетив. Се спремав набрзина да не ми избега бусот, да седев така сигурно ќе се сетеше. Леле ајде последното нека е ова.
Ги гледав сликите и видеата од Драч, си велев само да нема жртви. Сепак има. Петокатница е целосно срушена, страшно.
На последен спрат во зграда сме, 4ти. Ништо не осетив, до 3ч неможев ни да заспијам, боже мили нема ни да осетам во сон а може да не снема жално за жртви и штетите во Драч и најблиската околина.
Не да го осетивме првиот... Со синчето до вц бевме и се вратив до него си легнав на неговиот кревет и здрма и рипна и он што р мама ова? И залупа нешто од др соби.. долг беше некако доста. И кај нас појак бил од другиве места, а далеку епицентарот..
Мене ме разбуди од сон , силно љуљаше и долго траеше ...не знам што ја снајде Албанија со земјотресиве , се поинтезивно има земјотреси таму ...мн страшно и многу ми е жал за жртвите ...
Немам осетено ништо, преморена бев, цврст сон и во куќа живеам можеби затоа. Утрово на работа сите збореа за тоа, така и дознав. Што ги потера Албанциве, ми се чини секој втор ден читам за земјотреси кои не се за потценување, на нивно тло.. Језиво у секој случај и жалосно..