Многу луѓе се борат со анксиозност,а неможе човек да нема грижи во вакви природни катастрофи,јас се борам со анскиозност веќе скоро 10 години,ама некако се справавувам.Никаква паника не правиме,само се плашиме од зачестените земјотреси,што од сабајлето од 4 часот,до сеа ги има често.А ако толку многу се плашиш да читаш,воопшто не ја отварај темата,да не си правиш дополнителен стрес на телото.Ова е добронамерен совет,не се правам паметен,ама чим ти штети одебгнувај. Јас незнам како иде,и како се шири земјотрес,ама се надевам и молам,дека не е како што мислам.
Јас толку се растревожив, што сега цело време гледам на приврзокот од клучот да не случајно дрма. Немам лустер .
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...gS2qBK_qLfH_tenR1SqrnlSUjsj8u5_GygX0qoWXIu8Lg Ау, страшно... И 5 жртви и 150+ повредени.. Инаку, јас после тоа откако пишав тука заспав и до сега ништо не сум осетила. Ама вчера ме исплаши у сред спиење се осетив ко од кревет да ќе ме фрли. И пред 3г кај нас кога имаше земјотреси истово ми се случи у спиење само не со најјакиот, тој пред тоа што беше сабајлето истиот ден. Како дежа ву ми дојде... А на 2 спрат сум, не дека нешто високо ама многу затресе. Да не се повторува...
За среќа, јас пак ниеден не осетив, си спиев цврсто. Да осетев ќе добиев паничен напад и немаше да заспијам пак. Сега прочитав сè што сте пишувале и само ми иде да излезам во двор и таму да живеам. Имам страшна фобија од земјотреси и некако осеќам дека ќе се повтори тоа што се случи пред 3 години или кога и да беше...
Да пред 3 год беше,кога сите луѓе искочија на улиците,јас тогаш бев у Болница,лежев имав некој проблеми,и сабајлето во 6 и 15 часот,не избркаа сите што лежевме,па низ Скопјево се шетав,со игли во рака,и со инфузијата во рака,сите ме гледаа како да сум бил на некое ратиште,е тој земјотрес никогаш нема да го заборавам додека сум жив.
Знам дека некои велат да не креваме паника,ама токму поради она од 2016 не можеме да бидеме спокојни. Стравот е преголем.
Како бре се шеташе со инфузијата во рака? Од клиника ги избркаа сите пациенти? И во Грција имало. Очите во лустерот ми се цело време
И јас се плашам и паничам од земјотреси ама на темава сте претерале. Земјотресот од 2016та не беше страшен ( моменталното чувство е страшно, да) и немаше никакви последици освен некои минимални. Значи, не си стварајте сами паники, а ова ви го кажува најголем страшливко од земјотреси. Растена со баба ми, што од уста не го вадеше тој од 1963та, како да сум го доживеала речиси, до толку ми има страв набиено... Да, страшно е. Ама дека се движи од Албанија, кон Босна, за да дојде накај Македонија???!?!?!?! Само во Македонија има вакви сеизмолошки научници, што и Јапонија може да ни позавиди.
Не само што ќе ни позавидат, туку штета што не слушнале за нив, веднаш ќе ни ги земат. Ваква “експертиза” само на македонско тло вирее
Секако очекувано е сега да има уште неколку во регионов дури се смири тлото. Контрола немаме никаква на ситуацијата, така што беспотребна е паниката. Во секој случај подобро е да останете смирени за да реагирате трезвено ако не дај боже нешто има.
Мене ми беа најјаки мајките на форумов денес 5 мин после тој најјакиот во 4 h што беше што си дискутираа за храна за бебиња ноншалантно ко ништо да не било, и да врне и да вее и бура да коси... Ете да учиме од нив.
Јас имам комшија кој е прилично корпулентен и трапав кога оди, па секое негово движење се слуша како некое крцкање и тупотење. Поради него, немам осет дали е земјотрес или тој се движи низ станот
Фобија претставува претеран и ирационален страв од нешта. Не можеш да кажеш дека земјотресот од 2016 не бил страшен, кога можеби за тебе не бил, а некој друг имал панични напади и бил истрауматизиран цел месец, будејќи се од сон со викање и мислејќи дека сè се тресе (тој некој друг сум јас). Не можеш на човек со фобија да му кажеш не паничи, или ништо страшно, кога за него е.
Да не избркаа сите,затоа што креветите каде што лежевме,ни стигнаа до пола соба,зидовите почнаа да крцкаат многу јако,и се исплашија сите,и донеле одлука докторите,сите дома да не испуштат,па после 3 дена се вративме пак во Болница.Па ми отече целата рака,затоа што со инфузија трчав дома,бев исплашен,тогаш под кирија живеев,само што влегов дома,акна уште еден јак,среќа до телевизорот бев,го спуштив на земја,све што беше кршливо спуштив на земја,и отидов во Гратски Парк,и таму седев едно 6-7 саата така,луѓе ме гледа и прашуваа дали инфузијата ми е од Земјотресот,ептен лошо беше.Немав тогаш спиеное добри 4-5 дена,што од паника од земјотресот,што од болки здравствени што ги имав.
Бројките што сте ги ставиле погоре - не се чудни. Постојано има земјотреси, не ги осеќаме сите. И земјотресот не се движи како што вие мислите. Џабе кревате паники. Не се предвидува ништо. Што и како ќе се случи, природата си знае. Секако живееме во доба на катаклизми, живееме во трусно подрачје. Летоска и Везув беше доста активен, сето тоа е поврзано. За земјотресот пред три години, мене лично ми беше страшен, во болница бев, тазе породена, од кревет не можев да станам.