https://press24.mk/video-kuche-go-p...banija-mirno-spielo-i-naednash-izbegalo-posle Леле језиво тресење Ужас. Јас исто имам панични напади и од 2016 во Скопје и од 2017 во Охрид. Но овој пат останав смирена чудно едно само над бебево застанав. А од секогаш си мислев ова кај нас неможе да се случи Да не си правиме стресови дополнителни.
Околу 5 земјотреси имало денес во Албанија. После тој што го почуствувавме утринава. Неколку и во Босна. Сега гледам според ова над 20 земјотреси, многу имало и во Јадранско море. https://m.emsc.eu/ifeltindex.php
Почнаа на Фб психопатите со коментарите,ако им е на Албанците,карма,ете се им се враќа од што ни прават,да цркнат сите до еден,да ги потрупа,и уште какви све не гнасни коментари.Добро бе луѓе,што е со луѓево,како може да имаат толкава омраза кон невини луѓе?шти се тие криви,за нашата Држава што е во ваков хаос?
Луѓе од тој најјакиот што беше во 4 во албанија досега имаше уште 25 во истата таа албанија во рок од 8h со магнитуди од 3-6 степени,од тие 25 ние осетивме едвај 3 тие што беа над 5 нормално е да има и паники и трауми но да задржиме и здрав разум колку можеме нормални се афтершокови и осцилации ,само да остане овој во 4 најјакиот.
Беше страшен и за мене, не реков дека не беше. Ама тоа е наше лично доживување. Тоа што за тебе е толку страшно или фобија е тотално неповрзано со реалната ситуација и зборува само за тебе и твојата состојба. А дека патува земјотресот по автопат до Босна, па ќе дое за Македонија е кревање паника беспотребно.
Испрани мозоци.... Како можеш некому да посакуваш вакви работи.. а притоа да плукаш по криминалци и убијци.. според мене не е многу различно. Прва мисла ми беше леле луѓево, на спиење ги фати, дали и биле свесни па да бегаат. Деца испоплашени у сред ноќ. Ама ете... некој за тие деца ќе се дрзне да каже ако им е... П.с. уште ноќеска знаев дека не е скопскиот ама дека некаде асално удри, само очекував поблиску. Страшно страшно...
Jaс сум спиел кома нит осетив земјотрес нит ништо Инаку сега на вести кажаа дека една од жртвите од паника скокнала од балкон и се убила на лице место Страшно што паниката може да ти направи ејј
Утрово на албанска тв видов клип од маж во раце/скут си го држи детето/внукот покриени/околу нив цигли луѓе им помагаат/тргаат цигли да станат фацата на детето во страв/шок/само да заплаче ми е уште во глава и на тоа постојат и вакви будали и коментари ?
Јас не чувствувам веќе. Станав имуна после тој утринава во 4 Имат некој од Охрид тука? Не знам дали се почувствувало кај нас
Добрината на човекот можеш да ја дознаеш во вакви несреќи. Дури и непријателот да страда, добриот човек пак ќе му подаде рака да помогне. За жал во светов има и такви луѓе кои се ситат и со несреќата на пријателот.
Фала богу јас па кома сум била до толку, што ништо не осетив го прашувам маж и другиве сите осетиле. Јака им душа на луѓево во Албанија гледав клипови езиво е...
https://a1on.mk/region1/video-objavena-snimka-od-momentot-na-zemjotresot/ Моментот на земјотресот видете го. Вертикално ниша. Тоа кучето што спиеше десно кај зградата избега пред да заниша.
Очекував дека ќе има ваква простоќа по социјалните мрежи, живи срамови народов. Јас ни земјотрес осетив, ни ништо. Како легнав - крај на програмата беше, кома. Сабајле од вас дознав дека имало земјотрес, прв пат ми се случува да не осетам а викате не траел баш кратко. Многу штета направил.