Meѓу степените разликата е 10 пати. Значи земјотрес од 6 степени е 10 пати посилен од тој од 5, 100 пати посилен од тој од 4, 1000 пати посилен од тој од 3 степени итн. И разликата меѓу 1 и 2 степени е 10 пати, ама да, дека тој од 1 е многу слаб, разликата е сепак помала отколку меѓу 5 и 6. *** А Меркалиева скала мери интензитет кој се гледа преку штетата Така да два земјотреси од 6 степени по Рихтер на различни места ќе бидат различни степени по Меркалиева. И не ширете дезинформации дека ќе имало следен тогаш и тогаш. Афтершокови секако се очекуваат ама земјотрес не можат ни најсовремените сеизмолошки опсерватории да предвидат. И друга дезинформација честа околу земјотресиве е дека може да настане од поплава. Дури кога беше тој во 2016, сеизмолог имаше кажано дека од поплавата бил. Поплава може до некој дел од степен да го интензивира ама од старт да го предизвика не може. Поплава и тектонска плоча не се споредуваат
Многу е битно да остане најтрезвен човек тогаш. Жената што скокнала од балкон не е единствена, има луѓе што во тој момент на паника така скокаат, сум читала и порано. Јас сум на другата страна, јас во такви моменти се бетонирам од страв, кога има некоја опасност не можам да мрднам. Еднаш на пешачки видов дека доаѓа кола со голема брзина, наместо да се поттргнам, останав во место, среќа ме одмина тогаш шоферот иначе не знам што ќе се случеше. Лесно е вака зад монитор да елаборираме, али реалната ситуација е многу поразлична. Исто и во 2016, бев во соба преполна со луѓе, сите истрчаа надвор, јас само стоев во место. Затоа сто пати сум си рекла самата на себе, кога има земјотрес да се обидам бар во тие неколку секунди да почитувам едно од основните правила а тоа се дека лифт и скали не се користат никако, затоа што први можат да се рушат. Исто не треба под праг да се стои, ова е застарено мислење затоа што може и тој да падне. Најдобро да се заслониш под цврста маса (од дрво ако е) или под некој мебел врз кој ќе падне нешто ако падне, и да ја покриеш главата со рацете. Блиску до стакло никако. Знам дека сите го знаете ова, али ете така ми дојде уште еднаш да ги пишам овие работи во случај да се деси вакво нешто.
Апсолутно точно. Водата не може да патува повеќе километри длабочина во земјата и да ја помести тектонската плоча. Тоа е фактор кој може да ја зајакне активноста, но не и да ја предизвика. Сличен е случајот и со вулканските ерупции.
Ко за чудо, ама не осетив ни еден земјотрес. А не спиев цврсто, баш често се будев, не можев да дишам, настината сум, па морав да ставам капки во нос. Ама добро е што не сум осетила ништо. Зашто сум голема паничарка. Доволна траума ми беше земјотресот од пред некоја година, мислам 2016та беше. Многу жално за Албанија. Не можам да се начудам со кого го делам воздухот. Толку многу злоба собрана во некои да се ситат на туѓа несреќа Да се молиме веќе никогаш да не се повтори...
Најсигурно(ако може да има нешто сигурно у таква ситуација) е да се застане меѓу касата на вратата, барем од она што сум гледал на Do or die на Дискавери. Земјотреси имало и ќе има, да се надеваме дека тлото ќе се смири што побрзо.
@KateKane буквално исто реагирам при паника.Сабајле се парализирав у место неможев да мрднам децата да видам дали се добро.Среќа мм беше дома и е доста трезвен у вакви ситуации.
И јас така мислев, ама после прочитав дека тоа и не е баш така безбедно оти може и тоа да падне врз тебе. Значи сепак побезбедно е да се пикнеш под маса и така да почекаш. Иначе најдов еден краток текст каде убаво и со слики е објаснето како треба да се реагира, можете да си го прочитате. https://www.shakeout.org/downloads/Earthquake_Safety_YoungChildren_Infants.pdf Мајки овде има и за вас, како да заштите новороденчиња, доенчиња и мали деца. Прочитајте си како треба да ги држите децата и како треба да се засолните, убаво е да се знае ова.
Кај мене штом на приземје ме стана од спиење значи јак бил. Не нишаше крцкаше куќата и малку замесуваше. Крцањето многу ме исплаши го разбудив детето другото во раце и надвор. Како сум останала смирена во тој момент не знам. Веројатно заради децата. Да не беа тие до плоштадот ќе трчав сама
Штом е дома мачор мирен значи во ред е. За секој случај му ја измив транспортната количка и ставив на терасата да суши. Aко постои минимална коинциденција да се случи нешто, да можам брзо да го ставам внатре. Единствено ми е грижа околу седативот кој е потребен да му го дадам. Не знам што се дава за да се смири мачка. Ептен го сакам бе. За мене не ми е толку колку за него.
lele ja se preplasiv bukvalno nekako prvite 5 sekundi ja smiruvav psihava da ne panicam ama koa vidov deka ne prestanuva ripnav od krevet i istrcav nakaj majka mi za da izlezeme nadvor , komsiite gi slusav od se strani kako tropaat od panika i oni...inace da ne zdrma i sea eden? ili iam panicni napadi od sabajle?