Нормално е, афтершокови... Прашајте ги постарите колку време дрмало после тој 63та. Ова е најсилен земјотрес во регионот и доста силно се почувствува, па не верував дека е подалечку. Исто така и црногорскиот, односно херцег нови од 79та, силно се осетил тука(ако сум грешка за локација и година се извинувам). Малце е само нелогички, зошто скоро имаше таму силен земјотрес. Лаички, доста енергија се оослободило тогаш, можда среќа у несреќа... што ако бил само еден удар. Не знам дали има врска, ама вакво нештонобјаснуваа сеизмолозите во 2016та. Сепак овде ноќеска беше страшно, а за таму немам зборови. Сликите кажуваат се. Толку далеку, а толки силен и долго да трае. Оние од 5 степени беа само со благо нишање. Самото тоа кажува колкава е разликата во степените. Да не се повтори... лошо заврши, ама нека заврши тука...
Овие Вардарците/Комитите пуштени на најјако. Еве до каде е човечноста кај Македонците. По вакви работи се гледа кој е човек, а кој суштество...
Се молиме за нечии деца, мајки, татковци, баби, дедовци, тетки, стриковци... За луѓе кои ја немаат нашата среќа и привилегија да уживаат во овој ден и да си легнат безгрижно вечерва. Жал ми е што читам вакви работи, оти мислев дека во секој еден човек има малку човечност, емпатија, жал, кој барем во вакви моменти ќе испливаат на површина, и ако не повеќе да се воздржат од невкусни коментари. И јас се молам за Албанија!!!
Јас го сетив, на спрат сум. Еве и овде пишуваат по страниве го сетиле и тие. Зборам за Малта. Едит: There is currently a high seismic activity in the Balkans especially Greece and Albania. We DON’T exclude the possibility of more TREMORS here in Malta!
Во септември 2016, кога беше скопскиот, јас се зезнав јако со тоа што почнав да читам и да ,,истражувам'' за земјотреси. Иако научив многу (воедно и за тоа како да се заштитиме во моментот кога ќе удри, и потоа) тоа само ми ја засилуваше и паниката. Но за оние што ги интересира, има еден одличен канал на YouTube Можеби веќе го знаете. Не е дека човеков предвидува нешто на магичен начин, едноставно објаснува, научно издржано и детално што и како се случува.