Јас вчера кренав 38 температура,заспав во 4 наутро едвај.Незнам што ке се прави,ама ова е лудо веќе...
Јас полагам, не можам ни да учам салам. Ми се иде да си земам книгата и во парк. Сама живеам. Нека престане, стварно имам трауми од тој во четири саат. Така се немам уплашено до сега.
Вулканите не може да бидат причина за земјотреси. Кога се активни и има ерупции, тоа значи дека се случува нешто со тектонските плочи, т.е има поместување во линиите каде што се спојуваат. Вулканите може да бидат знак дека има промени во раседите, а не ги предизвикуваат земјотресите. Везув на пример еруптираше летово... знак дека нешто се случува, затоа и има земјотреси... Се сомневам дека овие статии ги пишуваат вистински едуцирани сеизмолози.
Не може да биде виновник. Ако има земјотрес, ќе има на местото каде што е активен вулканот, не на подалечни места. А бидејќи се во иста линија, нормално дека јавува дека има движења на плочите. Е каде ќе удри, тоа никој не знае и не може да го предвиди.
Држи се,ке помине се.Со лесно на полагање http://skopjeinfo.mk/nov-zemjotres-vo-albanija-sega-pod-morskoto-dno
Јас не го осетив овој, а богами не бил баш слаб, еве 5.3 пишува. Во Јадранско Море, близу до брегот. Цело време има афтершокови, додека да се стабилизира тлото. Не можеме ништо, за жал.
Од каде ти е инфово? Јас живеам веднаш до Џевахир. И јас имам нешто слично читано, ама да не имаш ти некое посигурно инфо.