Знам дека им правеа некои сеизмички тестови на тие згради, многу добро се покажале колку што разбрав.
Не е воопшто слаб со таа магнитуда и иако делува како афтершок со тој интензитет неретко може да биде предвесник на нов посериозен земјотрес во исто или малку по одалечено подрачје.
Кога тресеше кај нас пред неколку год јас живеев во кула. Кога се симнавме долу кулата сеуште се лулаше
Јас мислев ми се причинува пак оти и вчера бев цело време на штрек и очекував.. Ама ептен малку се почувствува. Се надевам со таа магнитуда не е форшок.
Дали имаше пред околу некадр половина час земјотрес? Или јас трипам? Воопшто не ни помислувам на земјотресиве за да ми е во главата, сигурна сум дека го почувстував. Едит: Имало океј, не сум трипала.
Сакаш да кажеш дека само земјиштето под Џевахир е сигурно, а тоа до него не? Веднаш до нив. Инаку, Џевахир се градени по сосема други стандарди од класичниве градби. Колку што имам читано, без проблем би требало да издржат 9 степени. За останатите згради, кога беше земјотресот во 2016, баш директорот на ИЗИС имаше изјава (ако не се лажам) каде што велеше дека од 2010 или 2012 наваму, сите нови згради се тестираат и проверуваат. Е сега... колку вистински се проверуваат имајќи предвид каква корупција царува кај нас?!
Нема мака Џевахир, конструкцијата е доста сложена и флексибилна за во вакви непогоди, плус е одлично изведена, да не зборам колку пати е тестирана на појаки „дрмања“. Јас сум на повисоко во постара зграда, градена после '63-та, па искрено ништо не осеќам. Ни лустерот не ми мрда, еве од вас читам дека пак имало земјотрес. Изгледа стварно сум труп деновиве, ама поарно што не осеќам ништо, уште паники ми фалат.
Ние со маж ми вчера сабајлето со кола кружевме (од страв од нов земјотрес), баш отидовме до Џевахир до паркингот и пред зградите имаше секако околу 50тина луѓе искочено. Плус пред три години еден пријател на татко ми работеше на зградите и бил баш на погорните катови кога фати силниот земјотрес во недела и раскажуваше дека долго време се клатела зградата. Инаку баш клатењето е показател дека е добра градбата. Мора зградата да се клати за да биде што поотпорна на земјотрес. Ако не се клати е страшното.
Тоа е пренесена изјава на директорот на Геолошкиот завод на Србија. Јас пак нема да се правам екперт околу причинско-последичните врски... само имам читано пред 2-3 год. дека вулканската магма може да предизвика придвижување на тектонските плочи... а дали е така, не е ни толку важно.