Најсилниот земјотрес последниве 5 дена бил во Грција пред 2 дена со 6 степени според рихтеровата скала
Подобро предмет врз глава да ти падне отколку некоја тераса или дел од фасада. Затоа се препораките да се тргнеш пд прозорци и плакари или при појак земјотрес да се склопчиш со рацете врз глава. Извини што пак тебе те цитирам, така се погоди Не треба да се бега низ врата додека тресе, туку да останеш внатре. И страници наназад се испонапишаа за земјотреси па ваљда некој ќе извлече корист од информациите, да остане присебен и да не реагира инстинктивно. Кога беше скопскиот земјотрес пред три години со јачина 5.3 и јас реагирав инстинктивно, детето во раце и низ врата. Лош потег. Но стравот си го прави своето. Земјотресот беше со скопски епицентар и тресеше вертикално, па бевме во грч да не се повтори и да биде посилен. Но оние што љуљаат хоризонтално доаѓаат оддалеку. На таквите веќе не се ни поместувам, продолжувам да си функционирам ко ништо да не се случило. Сакав да кажам, колку повеќе читаме и осознаваме, толку повеќе се справуваме со стравот од непознатото. Земјотресов пред два дена само ме натера да ја отворам апликацијата да проверам каде удрило јако. Инаку еве како изгледа носечки столб над врата под кој треба да се застане: А еве како изгледа врата под која не треба да се застане:
Не дека ги предвидуваат, туку нормални се ситни автер шокови по секој голем. Ќе си дремка сигурно уште неколку дена.
Јас воопшто немам сетено никој од земјотресите овие денови... Искрено, колку повеќе читам ништо не ми е јасно, не знам како е најправилно да се реагира во тие ужасни моменти, едни велат да се скриеш под маса, други измеѓу касата на вратата или на столб, трети велат, не е така, и што е правилно, освен да не се создава дополнителна паника
Никаде не е сигурно. Ако е земјотресот посилен од 5.8 по интензитет врз масата ќе паднат други тешки предмети или фасада од друга срушена куќа/зграда во близина, а тоа автоматски значи дека ќе ве потрупа и вас, а масата не може да ве заштити. Ако сте до носечки ѕид, тој исто така може да е прв на удар особено ако градбата е нестабилна. Стоејќи под врата може да ве затрупа плакар или голем креденец со телевизор (доколку има во близина). Кога има земјотрес стојте таму каде што сте и не чекорете, чекајте да помине. Помрднете се само во случај ако има клима уред/полица/телевизор/панел врз вашата перница каде спиете, за да не падне и да ви ја згмечи главата. По децата исто не трчајте. Кажете им што да прават во случај на силен земјотрес, нека ви ги послушаат препораките и ќе биде во ред. Мали се шансите да загинете ако не паничите, колку и да е силен земјотресот. Дури и да ве потрупа сигурно ќе дојдат екипи или ваши роднини да ве извадат. Ако видите пламен на затрупаното место тропајте силно, но не викајте.
Друга безбедна варијанта мислам дека е триаголник- да седнете покрај ѕид и нас вас дијагонално да навалите некаква штица поголема или душек. Колку што имам читано за ова, во случај да се сруши објектот над вас, предметот ќе се слизне по дијагоналата или од тоа ќе се ублажи падот на предметот и во случај да се сруши поголем дел од објектот, нема да падне директно над вас. Би биле потрупани под триаголникот ама живи. Ама не сум точно сигурна дали е вистина, ако знае некој за ова нека каже.
^ И ако се сруши ѕидот до кој си застанал пак си затрупан, поклопен со штицата и на место. А и кај ќе ја бараш штицата триаголна, секунди се во прашање? Јас мислам најсигурно е под маса или биро.
скоро читав.Во Кина мислам да беше..При земјотрес во школо децата се сокриле под маса.Буквално биле згмечени.Овај геологот тврдеше дека да лежеле помеѓу масите а не испод нив мн од нив ке преживеале.