Кај нас во Струга многу се осети.. јас спиев, целиот кревет почна да се тресе и лустерот над мене се нишаше, ме фати паника.. добро е што земјотресот беше краток.. инаку вториот помалку се осети..
Станав да појдам во веце точно крај 5 и нешто и кога се вратив в кревет пак да продолжам со спиење штубаво ме здрма и првиот траеше некои добри 5 секунди. А имаше после него уште еден, ама тој траеше нецели 3 секунди и не беше толку страшен, ама првиот си ме здрма
Их коначно да ме разбуди земјотрес ...обично не ги осеќам или пак спијам .... Значи такво било чуството Кул се надевам пак ќе има да ме здрмат , интересно е
Следен пат може да се разбудиш во рушевини, не е се за сеир, види во Италија дали им е за смеење а во близина ни се
Не се секирај , треба 9.0 земјотрес да мавне за да мојата зграда да се сруши , а тој земјотрес се дешава еднаш во 750 год а со оглед дека минатиот бил пред 50тина години имаме уште долго време а овие маливе се само поради сушење на земјиштето после дождот , ништо страшно иако изгледа така .... *Edit* Македонија се наоѓа на тектонска плоча која не се поместува како тие на пацификот и индиско море .... Т.е забележано е само едно поместување во 63 год... Нашата ...европска плоча е споена со азиската и до некаде до африканската што има потешкотии да се поместува како пацификот А ќе видиш Италија како се наоѓа на ивицата помеѓу плочите така да таму и затоа има доста земјотреси
Исто исто До сеа дали два пати во животов сум осетила земјотрес, што е најчудно и тие преку ден не ги осекам
Сабајле накај 5 и 40 се разбудив и здрма, ама пошо бев успана а и сите ме убедија дека немало си мислев дека трипам.Ама сеа коа видов...А доста здрма така.
Ништо не осетив, а и подобро што не осетив, зошто ако сетев мислам дека поголем земјотрес ќе направев јас од паника
Јас од завчера сум во Охрид и ништо не почувствував! Ама сега кога видов дека имало земјотрес, патот под нозе и назад за Скопје!
Се надевам само дека нема да има пак иако не е ништо страшно, а и постот на Јипман малку ме смири од паника за рушење.
^пред неколку години исто така имаше доста снег и дождови, и имаше вака мали земјотреси. По онолкав снег зимоска, и овие дождови ова е нормално....искрено јас што сум паничар за вакви работи сметам дека нема место за паника
^Не би требало да има место за паника иако секогаш може да се случи најнеочекуваното(пупу скраја да е) Сите паничари да престанат да паничат зошто од форум фемина им се ветува дека доколку би имало следен земјотрес нема да биде опасен по живот и нема да има рушевини.
Исто, исто И тоа рано беше прилично ама го осетив немабре будна бев. Амн што стана секој ден земјотрес.