Земјотрес!!!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElleS, 15 мај 2011.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    10.513
    Пол:
    Женски
    Ја ништо од ова не правам,си седам и си чекам да помине само :D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    17.558
    Баш ради тоа е терсене, времето. Ама ко што реков, не знам многу за ова, само сум читала.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    239.364
    Пол:
    Женски
    скоро читав.Во Кина мислам да беше..При земјотрес во школо децата се сокриле под маса.Буквално биле згмечени.Овај геологот тврдеше дека да лежеле помеѓу масите а не испод нив мн од нив ке преживеале.
     
    На cresa-jagoda, girl-miri, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    14.231
    Теории милион, да не дојде ред да тестираме во пракса. Со природата не можиме да се напреваруваме.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    2.133
    Пол:
    Женски
    Za greotka :(
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    35.462
    Ако верувате на секој новинарски трик на интернет, кај ви е крајот? Ќе побудалите.
    За жал, ваквите немили настани се користат за ловење кликови и се заработува на паниката на луѓето.
    Нормално е да има афтершокови. Нормално е и постојано да има помали земјотреси, како што спомна @Kitten, знак дека земјата е жива, само што ние им обрнуваме внимание откако ќе се случи некој посилен, па тогаш следиме. Инаку земјотреси има секој ден и насекаде
     
    На Kitten, Feminka22, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    14.231
    Колку и да се користат од страна на новинарите за публицитет и заработка, реалноста е таа. Сурова за жал. Човечки жртви, повредени, се е срушено до темел. Почувствуваме и на своја кожа, иако не беше толку силно колку во Албанија. Допира до нас и нормално е да сме исплашени и испаничени, сепак сме луѓе.
     
    На prominent и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    35.462
    @Peperutce1115, секако, за тоа не станува збор. Нормално е дека до сите нас ќе допрат тие немили слики и нормално е да почувствуваме паника, жал, страв.

    Друго ми беше зборот, за предвидувањето на земјотресите. За глупостите што се пишуваат по различни портали дека денес/утре/задутре на одредено место ќе има земјотрес. Тоа е чисто создавање на паника и треба да биде казниво. Мислам дека во теорија се казнува, но за жал секој си пишува што сака. Не зборувам за реално известување, зборувам за пишување на приказни, небулози, фантазии за кои никој не знае кога и дали ќе се случат.
     
    На nextredstyle, Amellie13, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    30.393
    Пол:
    Женски
    ^
    Е тоа со предвидувањето.
    Другиот ден после големиот земјотрес имаше објава дека ќе се случел друг следната вечер со јачина 7.2 и да сме биделе будни. Само паника и страв се предизвикува. (facepalm)
    Најрано што можи да се "предвиди" земјотрес е неколку секунди пред да се случи.
    Да се предвидуваше лесно веднаш ќе се евакуираше населението на тоа место и немаше да има загинати од земјотрес никаде.
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    5.713
    Пол:
    Женски
    Не може да се предвиди. |(
    Пријавувајте статуси што шират паника само. За клик на порталот нивен скапан се ќе напишат. Коса ми се крева што се не ќе прочита човек.

    Како еден бе не напиша дека поновите градби во Скопје се проектирани на сеизмика? Ама за рекла казала дека утре ќе има земјотрес први се да напишат.

    Инаку за стоењето, најдобро е да се застане на место во ќош веднаш до столб, испод носечка греда.

    20191128_202143.jpg
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    12.753
    Пол:
    Женски
    Ништо не помага се додека тераат градежнички бизнис. Ефтини материјали, а скапи станови. Ќе се чудиме оти новите паѓале... Ееее
     
    На cresa-jagoda, Mrs. Lovett, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    5.713
    Пол:
    Женски
    На кои материјали мислиш конкретно?
     
  13. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Машки
    Toa sto go spomenav nekolku strani prethodno denes se oglasi i srpskiot arhitekt Glisic vo vrska so zemjotresot vo Albanija.Strucno i temelno objasni deka najgolem del od stetata vo Drac e rezultat na losiot kvalitet na novogradbite,alcnosta na investitorite i taka natamu.

    Aрхитектот Глишиќ: Во овие фотографии е отсликана мојата децениска борба со аматерите, користољубието, бедното штедење

    https://republika.mk/vesti/balkan/a...-amaterite-koristoljubieto-bednoto-shtedenje/
     
    На cresa-jagoda, Mantub и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    3.836
    Допаѓања:
    12.753
    Пол:
    Женски
    На се што може најефтино се користи. Да не не е така?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Машки
    Ne samo sto golem del od zgradite se gradat na poevtin nacin tuku i se gradat kade ne im e mestoto.Se butkaat edni do drugi so sto kratat prostor za zelenilo i park,parking mesto,dovolno svetlina.
     
  16. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    5.713
    Пол:
    Женски
    Ако правиме муабет за ламинат и за плочки во ВЦ, во право си. Ќе го стават најефтиното. И без хидроизолација, па после прво џогирање ќе се подуе паркетот. :D Точно, тука се штеди. Ама овие немаат врска со носивоста на конструкцијата. Да не мешаме баби и жаби.

    Конкретно за АБ носачи, бетон најчесто МБ30 (или 30+), арматура најчесто РА400/500 (ГА или мрежеста во зависност од намената и потребата) , во 90% од проектите специфицирани се овие, по стандарди од уште на Тито времето. Нема бирам тука скап поефтин, составот на бетонот е тој (вода, цемент и агрегат), со подесување на одреден водоцемнтен фактор се достигнува потребната јакост на притисок. Арматурата служи за јакост на затегање, недостиг на арматура е ризично, ама па кило арматурен челик не е поскап од едно евро. Кило банани се поскапи. :D

    Во поглед на земјотрес од она што сум го видела, при димензионирање на конструкции се прави и псеудостатичка анализа со високи коефициенти на сеизмички товар. Без оваа анализа, ништо не поминува ни кај ревидент, ни во ИЗИС. Поготово после 63та се води сметка за овие работи. Ова зборам за инженерската практика во Македонија. Во Албанија не знам како е законот, може и на слепо градат без проект. :|
    Малце активно сеизмичко подрачје е Балканов, па на вакви работи да не се пази, и да си пишиме сите крст на време.
     
    На Alisa22 и Antolinaa им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    9.270
    Пол:
    Женски
    Што вика една пријателка и да излезеш надвор од објектот ако ти е пишано ќе летне некоја цигла и ќе те здрви. Така да... Имаше наназад една статија објавено не под маса туку до маса не под нешто туку до нешто. Масата може за задржи и да го успори падот на нешто што ќе се урне врз него, ако си до маса пологично е да поминеш со помалку повреди а ако си под маса може лесно да те смачка. Исто до кревет до плакар се застанува... Мада што е од Бога ќе си дојде. Ова се природни катастрофи и ниту можеме да ги избегнеме ниту да се спасиме
     
    На nextredstyle, Irreplaceablee, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.767
    Допаѓања:
    36.398
    Пол:
    Женски
    На дете под три години неможеш да му објасниш што да прави, почнува да плаче. И ние паничиме и не знаеме да реагираме, а камо ли дете без разлика дали има 5, 10 или 15 години.
     
    На nextredstyle, IM.TMKQ, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    2.055
    Допаѓања:
    13.211
    Пол:
    Женски
    Ма алал да им е на тие што се смирени во тој момент.
    Ја по инерција рипам, а не дека сум помислила да одам некаде или да правам нешто.
     
    На cresa-jagoda, kikin и girl-miri им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    9.270
    Пол:
    Женски
    истата сум цел живот. Татко ми мува не го Лазе. Еднаш како мала се сеќавам имаше земјотрес а тој јадеше. Мама која е паничар вришти трча низ дома спремна да излага тато продолжува да јаде и вика кај ќе одиш од 2ри спрат седни си и почекај да помине и си продолжи да јаде. камо да бев ко него ама неверојатен страв имам.
    моето има 6ипол години и уште не знае што е земјотрес. Гомела среќа што не сум испаничила пред него да му влевам страв. Ама па му имам пуштено видео на Јутјуб за тоа како изгледа земјотрес и тоа цртан во вид на песна. Интересно е видеото.
     
    На nextredstyle и Цвет88 им се допаѓа ова.