Убаво ли е што загина 6 годишно девојче а по него мајка му од тага? Убаво ли е што луѓе изгубија сестри, браќа, родители, деца? На тоа ли треба да се радуваме? Каде е човечноста, до ова ли дно дојдовме? Уште ме погодуваат вакви коментари, па јас вчера пред да заспијам се сетив баш на мајката на девојчево и помислив како и било кога и кажале, солзи ми потекоа. Си ја гушкав до мене малата и плачев. Што знам, ми падна многу тешко, најтешка загуба е таа. И после ќе влезам тука и ќе го прочитам ова. Е не можам.
Се надевам дека ова беше некој неуспешен обид за шега/иронија. Мислев дека дното е допрено, ама има луѓе што изгледа уште надолу копаат...
Што е убаво бе, да се ситиш на туѓа несреќа? Како можите некои луѓе вака да викате, немате ни грам емпатија во вас? Од камен сте? Коментар од еден пациент на фб за несреќата: Спојлер И после вакви имале право на глас да одлучуваат за иднината. Уште колку надолу ќе одиме. Инаку нема земјотрес регистрирано во близина во последните 4 саати. Последниот е само со 3 јачина.
Леле што ме утепавте. Прво мене не ми е жал за Албанија ама за луѓево да и на тие што се починати. Нека почиваат во мир. Но, во право е кога никој не не жали, не само Албанија, Грција, и др држави кога имавме поплави, земјотрес од пред две три години, таа ебана трагедија несреќа.. За жал вистина не само кај нас има омраза.
Па кога не би слушале политичари, кога не би се етикетирало кој убиец, силувач, криминалец по вера, нација, боја, пол туку само и единствено по делото што го сториле тогаш ќе нема омраза. Овие колнења и радувања се многу за ваков тип на трагедии, се многу полоши од тоа што тие го сакаат и бараат(права, голема албанија и слично) И вие сте тие што омразата ќе им ја пренесете на следната генерација, онаа која изгуби животи сега ни крива ни должна, за децата зборам. Тие деца, млади луѓе можда и воопшто не помислиле лошо во живот, ама читајќи вакви омрази и тие се полнат со омраза.. Значи не мразете нешто што сами го правите и ширите. Никој од нив не ви дојде дома и не ве повреди лично за да сте толку гневни. Иначе, не сум ни за двојазичност, ни за голема албанија, ни за еу, ни за нато, ама тоа не ми дава право да се ситам на туѓа несреќа, никому не посакувам нешто што не би сакала мене да ми се случи. Срамота.
ќе речев и јас ај убаво рекол оти нас вистина никој не не жали ... Ама не,без разлика на тоа дали некој не жали или не дали се Албанци Грци или не знам кои не е баш така да речеш дека убаво рекол. Прашајте ги скопјани како им било во 63та или која година беше земјотресот. Замислете па нив никој да не им излезел во пресрет. И после ќе се најде некој паметен да пише дека не ги жали па оти Албанци биле. А зар е важно тоа кои биле? Ех кај е отидено човештвото. И на крај без разлика дали ние ги жалиме или не нив изгубеното не им се враќа. Е тоа голема жал.
Мм нешто ми спомена , куќа што нема масивни плочи е побезбедна во однос на оние со масивна . Кај немасивната плоча , циглите се полни со бетон , но не се меѓусебно поврзани , што дава ефект на јојо - плочата може да се љуља / движи . Кај масивните , циглите се меѓусебно поврзани со бетон , што ги прави крути и невозможно е да се љуљаат / движат . Ова и од архитект го имам слушнато . Сега колку е точно , не знам . Веројатно ова важи само ако љуља лево - десно . Не ми текнало да прашам што би сѐ случило доколку љуља горе - долу . Безбедност нема од катастрофи кои на ниеден начин не може да се предвидат , за жал , реалноста е таа . Само животни можеби имаат некакви претчувства околу земјотрес .
Што да се извинуваш,се знае кој особи сакаат да бидат жалени. И што има во тоа убаво да те жали некој не сум разбрала ни па сакам да разберам. Дека Албанија била па убаво ги снашло,толку знаете вие за Албанија и Албанскиот народ па сега убаво ги снашло. А летно време како и во Грција, се брцате и шмркате јод. Есен зима не чинат,лоши се. Дно.
Абе ако се спомнува дека на нив им се вратило нешто, кармата ги стигнала, или Бог ги казнил, што правиме тогаш со сиве ситења на туѓа несреќа? Да не стигне и до вас кармата да ве опамети?
Годишно се случуваат толку многу силни земјотреси низ светот за кои (не) знаеме. Во истите има и голем број жртви. Еве на пример пред само неколку дена форумџиката Џој спомена дека во Јапонија имало земјотрес каде загинале деца криејки се паралелно под масите. Таа вест не одмина затоа што кога таму некаде зад три брда и долини се случува не не тангира лично па не се потресуваме толку. Ќе искажеме збор или два во чест на настраданите жртви и толку. Но, кога природни катастрофи се случуваат близу нас, или генерално во добро потковани "мејнстрим,, земји на западот или соседството веднаш имаме потреба да се соживееме и искажеме емпатија кон настраданите жртви поради страв нешто слично нам да ни се случи. Шалитра е далеку од објективна низ темите, но е искрена. Не допира до неа несреќа на нација со која сме во политички конфликт, и тоа е во ред. Низ социјалните мрежи деновиве видов и од интелектуалци кои редовно пишуваат статуси избегнување објава или индиректно тролање низ коментари што покажува колку како народ сме десентитезирани. Владата од друга страна не помогна ради алтруизам, туку исклучиво политичко - стратешки цели од типот ,,сеа ви помогнавме за утре коа ќе влагаме у нато/еу да ни дадете амин". Преку вакви мали гестови за внимание се испраќаат и пораки за соживот и мир измеѓу другото.