Во 4 ипол бебе се разбуди за доење, само што заврши таа, и ја вратив да спие и залула убаво. Во куќа на приземје се осети, во југот на Мк, а можам да замислам во западна Мк и Ск колку се почувствувало.
И јас уше си викам ај ма не мисли на глупости спиј таму, а лош сон ме разбуди, само што се вратив од вц и стоплив. Не помислувам од сега на ништо, само на убави работо ќе мислам. У тииит.
Ние срипавме со мм и сега сме во кола со бебе се возиме И минатата година ова време во Албанија беше, знам трчав трудна по скали.
На секој шум у куќава реагирам, ми е страв у вц да појдам, да не здрма пак, за.детово и е, недај боже.да не сум до неа во тие моменти, маж си хрчи вообичаено... абе немам речи... Од она и добро и зло, епа многу сум паничела....
2016 беше никаква, еве ја и 2020... Аман нека заврши годинава што побрзо, Господ да не чува живи, здрави и со арен ум ....
Папагалот збесна. Саксија на глава ќе ми паднеше.. А најморбидно од се, коа се натерав да се одделам од дете, сушарата за алишта како беше извртена у дневна
Алиштата ми паднаа од плакар. Мачор претходно викаше многу силно. Нишање и чуден звук 5 секунди Скопје.
И после се не се стресирај и остани смирен. Аха. Ја у тој момент имав и лош сон, сум гледала вести имало напад пак во Австрија и сум коментирала нешто. И во тој миг и земјотрес... кога станав ништо не ми беше јасно, дали и земјотресот го сонував, ама не.
Ако е утеха, и јас тешко заспав и ми претходеа два кошмари. Ме нападна куче загар со заб над устата и другиот сон ќе го премолчам пошто ептен језив е. Само нека е на арно.
Битно сајтот и апликацијата еmsc за земјотреси сме ги срушиле https://mobile.twitter.com/LastQuake/status/1326381087933820928
Леле аман со соновиве, мене ме разбуди сон, затоа бев будна.. Некој ми даде пари у сон за нешо, не знам ни сама за што, мисла да дадам на некого за помош, некои непознати луѓе од друг град... А увек коа сањам дека ми даваат пари е лошо.. И после до вц, се враќам дур се стоплам, ми почнаа мисли ако идри земјотрес бча бла.. и викам ај не мисли на глупости, и замижав и ете ти... Се рљзбуди мм мунреков ете.знаев, само шо помислив... уште шшкам дете а тоа спие.. И сеа што пд страв од од хрчење ќе сум си будна... Само да се заврши вака... Некои инфо од таму имате ли??
Уште не можам да заспијам . Овде како вертикален да беше ( во село сум јас кај моите , можеби затоа така осетив , блиску е и Гостивар и Маврово од тука , барем поблиску е одколку Тетово ) , или дека од сон па така ми се причини .
Во зграда на 9ти неубаво...спремни со ранче со сите тракаташки чекаме следен Журка со бебе цела ноќ ај ќе спиеме во пензија