Тоа само Африка и Европа се приближуваат за 4 мм, и е нормално, нема да не сруши, само по малку ќе не здрмува од време на време. Нема место за паника, Македонија е вечна, никој ништо не и може, бидете оптимисти.
тоа е постојана појава, секоја година по 4мм. И мене оваа причина ми е многу глупо образложение, ако беше за така и лани ќе ги имаше
снегот и дождовите немаат врска со појавата на земјотреси, не е научно докажана поврзаноста на влажноста на земјиштето и земјотресот. македонија се наоѓа во активно земјотресно подрачје т.ш. не треба да се крева голема паника околу ова.
Јас немав осетено земјотрес и пред некоја година си седам касно ноќта во дневната си гледам филм, и нешто тресна. Одма помислив дека татко ми паднал од кревет горе на спратот над дневната. Трчам горе го прашувам како е, а тој матно ме гледа. Утредента разбрав дека земјотрес имало. Инаку се навикнавме некако со земјотресиве, кога ке здрма малку не ги ни приметувам, ама ако е некој јак и тоа како скокам надвор. Мил ми е животот, кој не му е нека вика оти не е ништо земјотресот.
И тоа како сум го сетила! Сеуште лежев и сакав да станам, кога едно време слушам, крцкање. Гледам се пред мене се движи и почнав да тријам очи. Си велев дека сонувам нешто и дека не сум нешто добра со очиве и фатив пак си легнав . Откако станав ми кажаа дека сум била во право. Само Господ да не чува сите од полошо !
Јас на трчање бев рано изутрина, па не осетив ништо. Дојдов дома, да се спремам за на работа набрзинка, и дома ми кажаа дека пак здрмало. Ај вечерва на раат да спиеме барем, нека не дрма.
Втор пат почуствува земјотрес во четвртокот и во средата.Средата бев сосема сама дома и беше премногу страшно незнаев што да правам,се преплашив а и кај ќе одам во зграда живеам на 3 спрат,а пак четвртокот од сабалје мама и тато порано стануваат за на работа и седеа кафе пиеа,и само ко здрма јас почнав да викам по мама: мамоооооо,мама преплашена ми викаат станувај земјотрес! Хахахаха После се разуди и брат ми,и викаат што се дерите бе од сабалје? Му кажавме дека имат земјотрес.Али тој воопшто не го ни почуствувал. хахаха Блазе си му никогаш не чуствуват земјотреси
Мене вчера ми кажаа дека имало земјотрес сабајле накај 6 изгледа, оти други викаат во 3 дека бил, незнам Јас ништо не сум осетила, спиев ко заклана, чим не сум го осетила земјотресот, обично ме разбудува, ама чим не сум сетила, цврсто сум спиела.Вонземјаните под земја граделе, па затоа дрмат оти и такви шпекулации имам прочитано, дека биле под земја всушност Стварно незнам што се случува вака што задрмува скоро секој ден чудна работа... Туку јас незнам како кинезине немаат страв од земјотреси, едно време кога покажуваа на телевизија, тоа тресе, тие производите во продавниците или во фирмине документите, ги држат да не паднат, да не се повредат наместо да гледат како да се спасат, тие предметите ги спасуваат
Тоа ти се вика кинеска работа. Мада што, тие ионака се многу така таман ќе се истребат И од последниот тој што беше во четвртокот немаше друг.
Мојот најголем страв !!! е по бубачките земјотресот е на црната листа ...убаво на час бев кога беше тој големиот па неможев и многу да се глупирам ама дома да бееееввв ххха
Леле кога видов темава повторно дека се активирала си помислив пак имало! Ама и да здрма не е страшно.
Леле не знам за вас, ама мене сабајле ептен ме штрекна еден земјотрес, не заспав откако срипав тогаш ... Кај 15 за 7, и не е толку страшно тресењето колку што е звукот, значи од памет ме вади тој звук кога ќе го слушнам. Едно големо и гласно ВУУУУУУУУУУУУУУУП, доволно да ме остави со 4-5 часа спиење и да не затворам око до еве сега, кога се откажав од спиење и станав.
Дузи а каде тоа? И мене сабајл ми се причина овде дека имаше,ама можи и само да ми се причинило Цела ноќ немирно спиев...
Незнам дали имало, ама мислам дека немаше, ништо не сетив сабајле, станата бев тоа време, пред 7, немаше земјотрес
Ќе почнам да мислам дека ги измислувате земјотресиве, дали е до зградава или до мене, или до двете, ама јас ништо не сум осетила одамна
Хахаха веќе толку сме опседнати шо почнува да ни се причинува.Незнам,сабајле ко да ме здрма нешто,ама штом не кажаа ништо,можи и да немало. Па и ништо не ми е чудно,гледам Турција и Грција ги треси... Плавушке не ги измислуваме,другите два сите ги сетија ЌЕ ги потресиме другите со темава
Кога имало земјотрес??? Јас ништо немам осетено. Ама ништо чудно, јас во мојов досегашен живот имам почувствувано само 2-3 земјотреси.