Најбитно у целава ситуација е да има преговори за догговор чиј е уствари земјотресов.. Абре нема ли памет народов.. место да прашаат луѓе, ок ли сте, се ли е во ред, на ова да остане, оно криви дрини исправаат... Не сме салам жими се!!! Иначе вака со ладна глава, Послаб беше од оној лани во албанија, но сепак исто лулаше и искрено мислев пак е таму.. Знаев дека не е скопски ради изразеното лулање. Но сепак се осети бајаги, јас сум на 6ти... Не знам точнонколку лулаше ама на крај лулаше минимално и веќе ме зашемати.
Јас сум од Гв. Ептен не здрма. Не разбуди од спиење Зедов бебето во раце за да бегаме. Се преплашив. Добро е што не се повтори..
Јас 1 саат после тоа не можев да се стабилизирам, имам трауми од тој во 2016 ама колку што се разбирам кога ќе има еден појак земјотрес после следуваат уште неколку потреси за смирување на тлото и тоа секогаш по некое ненапишано правило е така. Само да не се паничи треба, ама не знам ни самата како да не паничиме кога зградиве во Скопје една до една ниту една нема ни "с" од сеизмолошка градба, a и нашиве власти појма си немаат од менаџирање на криза.
Не го осетивме ни јас ни мм. Мајка ми ми ср јави, зошто секогаш ги осеќам и мислрла дека сум будна. Не можев да заспијам после од страв
Го сетив, ќерка ми си спиеше, гајле си немаше. Имав претчуство неколку недели уназад дека ќе има земјотрес, а често има во регионов, па очекувано ми беше. Не ме уплаши, а имав страшна језа и страв од земјотреси од приказниве на стариве за 1963. Ама, изгледа сум отрпнала. За што да се плаши човек попрво веќе.
Не можев да заспијам цела вречер се вртев, таман сум заспала земјотрес. Ништо веќе не ме изненадува оваа година.
Дали е можно само јас да не сум го осетила земјотресов па ко што сум на 5ти спрат. Едвај кома станав во 10 гледам еден куп пропуштени повици, пораки на вибер...