Не може да се предвиди земјотрес ниту пак јачината. Иначе само што излегувам од туширање, тука да не ве прочитав немаше да знам дека имало пак!
Сабајле првиот кога беше комшиите во зградата до моите родители колку паника ги фати.Галама,трчање ги будеа трите деца пакуваа работи во торби и надвор излегоа во автомобил.Видоа дека никој не излегуваа и пак се вратија назад.
Значи џабе ќе бегате низ врата,по скали зашто скалите можат први да се срушат. Најдобро е да се заштитите некаде додека трае тресењето,а потоа да пронајдете излез. Сфаќам во паника се бега,но... Кога бев на курс за прва помош инструкторката ни кажа во случај на земјотрес најбезбедно место е рамката од врата.
Абе луѓе недајбоже Викаат најбезбедно е под стуб,ама против природна сила ништо неможеме. Тоа е што е
Јас мислам дека е подобро што има повеќе послаби земјотреси и дека така енергијата се ослободува постепено наместо наеднаш катастрофално.
Најбезбедно место е под греда. Џабе ти да се криеш под рамка од врата ако вратата е кај преграден ѕид.
Маса е побезбедно, или до потпорен столб ама имало случаи каде луѓе и под рамка од врата и под маса биле буквално смачкани. Кај нас зградиве по стандарди издржуваат до кај 7,5 степени мислам, а појак од тоа статистички е многу малку веројатно да здрма, така да мислам не би дошло до посериозни штети.
Не да се криеш,туку да застанеш рамномерно како што е вратата. И под греда да си при силен тресок од нешто друго ќе те поклопи. Не знам дали си приметила на некои снимки од земјотреси, рамките од вратите останале цели додека се друго е срушено. Но, се е Божја волја.
Носечката конструкција ако е правилно пресметана и квалитетно изведена има мала веројатност да се сруши на оваа јачина на земјотреси која е моментално кај нас. И секако да нема предмети во близина кои може да паднат врз тебе. А тоа со вратите ми е еднакво со криење под маса. Малку веројатно дека ќе те заштити.