Мислам дека зградиве сега се градени да издржат земјотреси, нема потреба за паника. Единствено треба да се заштитиме да не падне некој предмет, да не погоди. Обично затоа препорачуваат под маса. Јас ко што имам рефлекс на утепан коњ, регал да паѓа врз мене, ќе го зјапам само.
Па сеа најсигурно е да нема земјотрес воопшто. А и мојава теорија се базира на нешто што сум се едуцирала. Така што би рекла дека не е само моја, туку на многу други кои ја испитувале.
Дадов совет, а ти воопшто не мораш да го примениш ако не сакаш. Всушност слободно и во плакар скриј се ако мислиш дека е безбедно, не е мој проблем.
и јас бев сериозна. што појако од дрво може да ставиш над глава во таков момент? ако имате подобри идеи за тие неколку секунди, слушам....
Го имаш одговорот во цитираното. А инаку скраја да е да се едуцирам од луѓе кои сето „знаење“ им е од фб скриншотови од луѓе кои исто така се „едуцираат“ од други такви. Ама не е проблем како што кажав, кај сакате кријте се. Ваш проблем.
Мислењево ти е навредливо, за твоја безбедност едуцирај се од врвни учители,посети курсеви и комплексите треси ги на друго место. Ако немаш аргумент,ќути си.
Јас па знам друга теорија. Ни врата ни маса. Ова го нарекуваат триаголник. Вака. Ај ако сте толку експерти, кажете дали не е ова точно. Еве цитирам и од остатокот: Многумина сметаат дека најбезбедно е местото под маса или во рамката на вратата? Ние викаме да ги заборавите овие места. Даг Коп е член на Американскиот интернационален тим за спасување, светски познат тим кој се справува со природни катастрофи и нуди совети како да преживеете во случај на земјотрес. Едноставно речено, кога куќа или зграда се руши поради земјотрес, тежината на урнатините паѓа врз масата или рамките од вратата и ќе го смачка оној кој се крие под нив. Прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат да си го спасите животот во случај на земјотрес. Тој вели дека „триаголникот" на животот значително ќе ви помогне да спасите жива глава за време на ваква катастрофа. Никогаш немојте да се криете под маса или слични предмети. Покрај големо парче мебел свиткајте се во фетална положба. Никогаш немојте да се криете под скали. Тие се навистина опасно место за време на земјотрес. Надворешните потпорни ѕидови на куќите се најбезбедно место за криење. Доколку имате шанса, кријте се таму. Едно од најнебезбедните места за криење за време на земјотрес е рамката од вратата. Никогаш немојте таму да барате спас, иако тврдењата велат дека таму е безбедно.
И јас имам читано дека треба да се сметиш покрај кревет, ама ако решило да се урива, како ти е пишано така. Може без гребнатинка да поминеш или да те столчи. Лотарија.