За време на земјотрес јас математички ќе пресметувам дали мебелот од спроти ќе падне над оној на кој сум потпрена или ќе е малку пократок па ќе ме смачка.
Ова го пишува погоре. Како ова не го прочита, а прочита дека два пати имам спомнато дека е несигурно место? Мислам, логично е, гледаш дека нема каде, немаш време да бегаш, па ќе застануваш таму? Никакво засолниште не е рамката од вратата.
абе да, паѓа и врз маса и врз рамки. ама бирам да имам нешто над глава, пример, масава може поише од мене да издржи тежина, нели? како и да е, во тие секунди секој бара чаре.
На крај краева, ништо не е 100% сигурно. Не дај Боже да сме во ситуација да се руши објектот и да се пикаме кај ќе најдеме место.
Тежината на урнатините паѓала врз масата. Хм, гледаат урнатините кај има маса па врз неа да паднат Кога паѓаат -паѓаат, ако не си под маса ќе паднат директно врз тебе. Од мебел уствари се бега да не се излизга или падни врз тебе. Ако почнале ѕидовите да се уриваат, малку тешко е за пресметки. Под врата барем ништо од мебел нема да ти падне врз глава.
Факт е дека во такви моменти човек реагира инстинктивно и последно нешто што ќе му дојде на памет е да прави пресметки каде да се скрие... Само нека останат муабетиве во доменот на фантазијата
Ни текна да се избањаме,да се дотераме немој после да не зборат комшиите кога ќе треба да се притрча пред зграда.
Ако некој знае за земјотреси, тоа е Јапонија, а во нивниот прирачник со инструкции, место за засолнување во затворен простор е под маса (доколку ти е во близина)