Прв пат земјотрес да осетам во зграда (на работа, живеам во куќа) и е многу појезиво. И тоа на приземје, тек па некој спрат повисоко. Да бев дома, до сега ќе летнев надвор за секунди. BTW, добро е што постои Фемина да се осигурам дека навистина било земјотрес и уште не сум забегала до тој степен.
Леле горе бев на телефон со дм зборев, и наеднаш коа стресе многу се исплашив, од дамна вака се неам извадено од кожа. Краток беше ама силно беше
2-3 пати имам такво чувство последнава недела дека ме тресе, не знам зошто, а нема ни з од земјотрес И сега кога стресе, си викам, трипаш Били. Отворам овде, и стварно земјотрес било.
Прв пат моите да осетат земјотрес после тој во 2016.. значи стварно јак бил. Јас пак се бањав не осетив, ама мм кажа ептен здрмало
Ја пак не осетив. Си ја чистев собата со правосмукалка и дека стоечки и таа си бучеше, абе нишо не приметив. Ми се изнасмеаа дома.
Јас сама не го осетив многу ама имам дома регал со висечки рачки што и при слаб земјотрес се нишаат и тропаат. По нив знам дека имало