Скопје Мислев шлепер удри во зграда Ламби не се тресеа тресеше подот и прозорите. Инаку на 5км од епицентар сум Уште имам вртоглавица Бебе ми беше во количка до мене цела количка се тресеше. Неубаво
Секоја година има преку 1 милион земјотреси, кои се толку слаби, за да се регистрираат. Така да, без паника девојки. Не си го растурајте денот и расположението.
Јас уште се тресам. Не лулаше овој како минатите, како вертикален да беше и ко бомба да удри беше звукот. Сестра ми на работа била во зоо вика сите животни викале многу се вознемириле. А кучињава во населба глас немаат пуштено тоа ме чудеше.
Абе мене ми се затресе фотелјата кај што седев, и ова за греење како се викаше и уствари помислив дека снаа ми и внука ми нешто скокаат, прават низ соба, зошто еден ѕид не дели и на втор спрат ни се собите и појако да стапнеш се' се затресува. Ама откако потраа малку, си реков веројатно земјотрес беше. И одма после овде прочитав. А снаа ми и татко ми воопшто не го осетиле.
Јас на работа ништо не осетив. Дали дека се исклучувам кога работам или, пак, можеби тука не допре многу.
Повеќе звук од тресење.. цела зграда ко да ми подрипна, дете осети во сон.. Се преплашив искрено, знаев одма дека е скопски..
Ај што сум на 1км од епицентар и прејако го осетив не можев да се соземам пола саат, туку и вертикален беше можам да гарантирам.
100% имаше и втор 5-10 минути по првиот, уште стоев во двор тогаш ама се осети и се слушнаа прозорците на куќата. Дефинитивно послаб ама имаше
Ајде веќе у ку*ац, аман, ми иде да врескам најсилно и да пцујам на цел глас. До нас градат зграда, мислев дека испуштиле нешто бидејќи тресна. После се залулаа лустерите и сфативме дека е земјотрес. Јас го доев бебето, бевме спремни за тргање на пат. Излетавме низ врата одма.