Живи и здрави сте. Нема потреба од паника. Ајде радни народе. Враќајте се на работа. Доста крадете време по форуми
Јас сетив. Ама мене ми се чинеше како да нишкаше хоризонтално, а тука пишуваат вертикален. И не беше силен инаку ќе испаничев. Дома никој и не го сети освен јас. Во Скопје изгледа само го сетиле толку силно.
Некој да им каже на комшииве над мене дека не е баш момент на трескање со намештај(ова си е редовно кај нас), ама сега може малце мир нели .. хахаха Она што мене ме плаши е што има доста појаки земјотреси на наша територија подледно време...
А и не мора да се споделуваат астролошки изјави ...ќе прочитаат луѓе ќе врзат во крпче и ете страв.Овие па како гатачи да се пишуваат.
Хмм вика во цел свет. А рекоа месецов поладен од вообичаено на островов,ваљда предзнак за земјотрес. Абе како ви се верува у вакви глупости?! Земјотрес кој може да предвиди.
Значи многу ми се јаки вакви што ќе речат ќе има негде земјотрес и се случи во некоја земја и се ко - ете ви реков. Човече земјотреси скоро секојдневно има, и послаби и појаки кои се поретки, ама ги има. Тек па во земји ко Турција или Јапонија.
Зошто вакви работи се споделуваат, непотребно се создава паника викендов ќе се памети со некој настан дури
Сигурно каснат со евиденција, послаб бил па не го фатиле. Ќе го додадат. Нема шанси на пола форум да му се причинува.
На некои места читав еден,на некои два.Последно на вебсајтот на Сител пишуваше дека вториот бил послаб.
Абе колку пати ме заљуља од тогаш ехехеее... Него,логички е нели да еточно дека ќе има уште еден, па уште еден, само не е логички да се каже кога... Аман веќе од такви тврдења ако веќе толку знаат бар нек кажат кога...