Од сон ме разбуди... Се тешам не е можно така да трескаат комшиите... Иначе нема на фб статуси, на апп ништо... Ќе да се они
Скопје сум, знам дека дува не беше таков звук...ама ветер плус комшии шо тропаат ненормално не е исклучена можноста..
Имало земјотрес пред 40тина минути во близина на Гостивар, ми стигна баш нотификација на телефон 3.1 бил. А денес баш со дм цел ден зборевме дека на моменти ни се причинува ко да дрма
Имало 3 земјотреси ноќеска во Маврово. Првиот со јачина од 3.2 степени по Рихтер, а следните два биле со јачина 2.8 степени. И пред 3-4 минути, земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер повторно се случи во Маврово.
Не се на голема длабочина овие, што искрено не знам дали е добро или лошо. Тие во ноември по чувство ми беа пострашни, ама во секој случај се надевам дека ќе престанат. Инаку од љубАв во време на земјотреси издвојуваме.
Мене ме буни што цело време и епицентарот е на различно место. Во Маврови Анови е, ама не е секогаш исто оддалечено од Призрен и Гостивар, како да шета буквално. Еднаш е 19 км од Гостивар, друг пат 15 км. Језиво е во секој случај, уште повеќе со сознанието дека може да има голема штета.