Цел Балкан се тресе деновиве. Тоа е појас на млади верижни планини, тие се подлежни на земјотреси највеќе затоа што веројатно не се потполно оформени. Пред некој ден споделена беше мапа на ризици од земјотреси за цела Европа, цела Македонија е со висок ризик, освен североисточна, а особено западна и северозападна, заедно со Албанија и Црна Гора, па Далмација и понатака Хрватска каде што сега се случуваат земјотресите, во околината на Загреб. Турција и Грција исто така се во црвената зона.
Западна Мкд, ми се чини вертикален беше, тука некаде епицентар, еве Ahoy пиша Кичево. Јас уште не гледам инфо.
Мислев дека ми се лоши, ми светна дека дрма кога приметив како лустерот ми шета лево-десно. Ептен залула, многу долго траеше.
6,9 сменија Јако се осети мислев прво до мене е, прво заниша, па после се почна да крцка,лустер одма да проверам се ниша, викам не халуцинирам. Јако у пм...
Јас со ќерка ми лежев на спална и немаше да знам дека има земјотрес ако не тропкаа рачките на креветчето.. Може 8 секунди траеше..