Леле кога ќе ја видам темава активирана Признајте какво е чувството кога ќе ја видите темава активирана, целите сте уплашени. Кај имало сега?
Богданци, а појма неам каде е епи-центарот. Гледам сите од Струмица и Гевгелија објавуваат по фејзбук.
Па во кој град здрмало? Јас ништо не осетив, ни ме здрма ни ништо, затоа прашувам. Кај бил епицентарот.
А имаше нешто сабајлево? Како може бе никогаш да не ги осеќам, е од сеа сконцентрирано ке си чекам некој да ме здрма
И да имало сигурно бил преслаб, не го пишува на страната на emsc... Туку нека престане да дрма, ми го плаши папагалот
нешто не е во ред со мене....не осетив ништо но сега кога бев викендов во Ниш, осетив и таму имаше и тоа добро залула