Моите викаат немало во Валандово земјотрес, не осетиле ништо. Јас овде ич па не осетив, многу сум труп за вакви работи. Пред некоја година кога здрмаа во Валандово неколку земјотреси по ред си немав отидено 3 месеци и ај викам да ги видам, си седам во дневна и коментирам дека само јас не сум осетила земјотрес асален во Валандово, море коа здрма за некоја минута, сум летнала низ врата ко куршум, сите ми се изнасмејаа, за нив тоа беше нормална работа тогаш, по неколку на ден ги дрмаа Секси. Барби и ти да не си од Валандово што се исплаши за земјотресот? Језивко е признавам, се ти се мрда под нозе и не знаеш на кај да бегаш.
Лукс, без разлика колку степени бил, ќе објават секаде Срце ми летнува ко ќе слушнам дека имало земјотрес
Е вистина, јас не се паничам многу, ама страв ме фаќа од рушење од друго ништо. Веројатно на таа страната за земјотреси има објавено, ама не знам како беше.
Не немат на мапата , сите ги пишуват, нас не .Нели тука по брза постапка пишуват кога и дека имало земјотрес Колку мислиш дека бил отприлика, Лукс?
^Па не знам кај бил епицентарот, сигурно некаде западна Македонија, можда 4 или 5 што толку го осетив на креветот кај што никогаш немам осетено земјотрес зошто многу е цврст, а мене штом ме здрма тука, значи си бил прилично, а ништо чудно ни 6 да бил.
Ами, мож ќе кажат утре Ах колку си имам страв од земјотрес еднаш да задрма, за мене истиот три дена ќе има ехо, од страв
Ете, Охрид бил, затоа се почувствува, па скоро 4ри бил, кај ги најдов 6 Само нека нема други, доста беше овој.
Ако не напишат на emsc странана, нема шанси да објават точно или колку бил висок... Ево точни податоци... не ни бил во Македонија... http://www.emsc-csem.org/Earthquake/ear ... ?id=296453