Реално, шала на страна доколку има причина и можност се бега надвор (подалеку од градба....) Доколку нема каде едноставно се крие во место каде што колку толку ке те заштити од затрупување... П.с никако на праг од врата
Грција се сите земјотреси по ред а овде најјакиот се осети гледам на апликацијата за земјотреси алармирање и ми регистрира околу 434 мали земјотреси и неколку големи така да таму сигурно е пострашното , мене жал ми дојде за Грција, можеби се рушат згради таму.. чим и елкава овде се заниша прејако. И мене не ми е многу важно за овде што фати дека и не беше дотолку да се распадни кровот. Мислам ми е важно да не е претерано ама ми е исто така и забавно. Само лабаво.. Господ да е со нас.
За време на земјотрес, не е паметно да бегаш. Скалите први паѓаат, лифтовите се заглавуваат. Во Битола си ти?
Реално да, повеќе си сигурна под маса него ли да се ,,струткаш под НОСАЧИ на обијект... И да чекаш да помине земјотресот.
Првиот траеше предолго, барем кај нас. Еве и постариве велат не паметат посилен земјотрес. Битолчани, држ те се Битола нема ни мрежа А и ние да се држиме
Прво паѓаат ѕидови и цименто што нема железо во нив. Подот ќе се 'искини' кога се руши, оти има железо, носачите ќе се свиткаат и ќе пукнат. Никако потпирање до надворешни ѕидови.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5,8, на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер вечерва во 22.43 часот (23.43 часот по локално време) го погоди регионот на грчкиот град Лерин. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,5 степени (првично беше 5, 8 , на 4 километри северноисточно од Лерин, на длабочина од 10 километри и категоризиран со четврти степен. https://360stepeni.mk/zemjotresot-s...-vecherva-kaj-nas-e-so-epitsentar-vo-grtsija/
јас син ми го научив коа има земјотрес да се крие под маса. во станот имавме таква гломазна полно дрво, шо два спрата да паднеа врз неа ќе издржеше...
@mal.ecka да не ни затреба на никој никогаш. https://tocka.com.mk/vesti/207330/triagolnik-na-zivotot-ovie-soveti-ke-vi-go-spasat-zivotot-vo-slucaj-na-zemjotres
Зградите после 63 се сите тестирани за земјотрес исто и новиве, туку така не се рушат. Повредени и загинати има од луѓе кој избезумено бегаат додека трае потресот. Се знае едноставно застануваш таму кај што мислиш дека е најбезбедно дома или кај и да се наоѓаш, завршува и излегуваш надвор ако мислиш дека треба застануваш некаде на отворено подалеку од згради за да не ти падне на глава нешто па од тоа да загинеш. Не сите се собираат пред згради, а посебно Скопје со зграда до зграда повеќе ќе загинеш од саксија него ли што зградата ќе падне.. Не паѓа толку лесно. Паника само може полошо да направи.
Велиш се знае. И јас знам. Ама птсд од земјотрес е мн гадна ствар. Луѓе што имаат траума од земјотрес и на најмал потрес скокаат од прозор.
Доколку некаде е така, но сепак целиот терет е на носачите, и секогаш се во прашање секунди кога се работи за нешто разорно... Инаку од технички гледан аспект треба да се засолниш под нешто цврсто, што би те заштитило колку толку од затрупување.. или пак од некаков удар од нешто што би се распаднало. Инаку еден стан пример има повеќе носачи и цирклажи на кои лежи бетонската плоча! Треба да се урнат сите носачи прво па да се распадне плочата!