Луѓе салам не здрма овде во Битола ... Ова навистина беше јако... Буквално сите излегоја на улица по коли и сл... Силен земјотрес ја погоди Битола Вести, Локални / недела, 9 јануари 2022, 23:28 Вечерва во 22 часот и 44 минути, силен земјотрес беше почувствуван во Битола, со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е на 4 км северозападно од Лерин, односно на границата помеѓу Македонија и Грција. Земјотресот бил на длабочина од 10 км. Според она што можеше да се почувствува во Битола, потресот траеше релативно долго што ги потресе битолчани, кои ги напуштија своите домови. Во одреден момент имаше прекин во телефонските линии. По силниот земјотрес се регистрирани неколку послаби, со јачина од 3,5 степени, потоа од 4,2 степени и уште еден пред 16 минути со јачина од 3,1 степен по Рихтеровата скала. Освен во Битола, земјотресот беше почувствуван и во другите градови на Македонија. https://tera.mk/силен-земјотрес-ја-...7PJhMNKhSdHfvVrvHGzMLwL32eSJrs04snxZ5EG4tUvwk
Да… сите чаши се искршија, се птворија витрини, испадна се од по полиците, пијалоци се е потоп дома, се е испаднато. Седиме в кола би е страв да се вратиме
Битола беше страшно... Бебе ми стана од спиење. Еден одвратен звук и неколку помали. Лампиони, шампони, се испаѓа...
2012та имаше вака силен земјотрес во Софија, исто 5.8 Студентите во студентски град на најгорните спратови се вратија бледи ко крпи. Се било испокршено, малтерот и од зид и од плафон бил на под. Може некоја се сеќава, 22ри мај 2012та. Да не закачам видеа, ептен страшнички се
жал ми е за штетата што сте ја имале, баш ми е мило што сте живи и здрави, но јас не би се исплашила пак, би останела смирена и ќе си продолжам да си спијам Останете смирени сите нема везе, одма на најлошото помислувате кои беа тие?
@Justicija во Скопје што беа, најсилниот 5.3 беше. Еве и тука статија има. https://www.igeografija.mk/Portal/?p=6876
Епицентарот многу близу до Битола, на само 20 км ... На сама граница со Грција... https://kanal5.com.mk/nekolku-zemjotresi-pochuvstvuvani-vo-makedonija/a511162
Ама зошто баш вакви работи мора секогаш да се случуваат навечер? Како сега да заспијам? Земјотресов стварно предолго траеше