Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Земјотрес!!!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElleS, 15 мај 2011.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    И јас ништо не осеќам, само првиот го осетив
     
    На Monny05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.350
    Пол:
    Женски
    И во Охрид здрма многу силно и сега пред малце пак имаше.
     
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    77.440
    Пол:
    Женски
    https://twitter.com/giatressa_/status/1480315010375110664?s=20

    Ептен лошо во Грција

    Е мене на помалку од 100км од Софија можеш да замислиш како ми беше.
    Ќе го памтам дури сум жива.
    Со саати имаше потреси над 5 степени, дежурав неколку ноќи дури моите спијат
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Луѓе овде во Битола беше престрашно,јас на кафе седната ми се треси се, маси чаши се погледнав нагоре лустерот на глава ќе ми паднеше,мрежа ништо мојте неможев да ги добијам, ми се врескаше на цел глас, со плачење си ојдов дома.
    Недај боже да се повтори,нема спиење вечерва ;(
     
    На Modernistka, Harper, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.673
    Допаѓања:
    79.722
    Пол:
    Женски
    Добро, помина, од афтершокови мислам не е толку страшно...
     
    На cresa-jagoda, krofnicka27 и Monny05 им се допаѓа ова.
  6. ZeNoN

    ZeNoN Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2021
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    269
    Пост на Facebook на професорот на Технички факултет Битола - Дејан Трајковски кој стана познат по дневните статистички осфрти на официјални информации поврзани со коронавирусот.

    Дејан Трајковски
    12 мин. ·

    Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.
    Чудно е тоа - илјадници луѓе, кои никогаш не читале геофизика или динамика на конструкции, истовремено доаѓаат на една иста, бескорисна идеја. Веројатно водени само од паничните емоции и потсвеста, прават нешто само колку за да се каже дека прават. Би требало да знаат барем две работи.
    Прво, најбезбедното место за време на земјотрес е токму станот, доколку живеат во градби изградени во времето на Југославија. Никакво возење со лифт или трчање по скали, бидејќи тие се најранливите места во секој објект.
    Второ, при главниот удар на земјотресот се ослободува главнината на енергијата. Сите последователни удари (афтершокови) ослободуваат сé помала и помала енергија, како што тектонските плочи наоѓаат положба на минимум потенцијална енергија и раседот се смирува.
    Тоа значи дека тоа што бидна - бидна. Сега е бесмислено бекството. Во следните денови ќе има серија афтершокови, коишто ќе можат единствено инструментално да се регистрираат, а единствено посилните ќе ги почуствуваме.
    Би било добро доколку некој професор од ИЗЗИС излезе на телевизија и ги објасни овие работи, за да се избегне непотребниот метеж и малтретирање на населението.
     
    На Harper, cresa-jagoda, Angie1432 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Овие што следувале не ги почувствував барем јас во Скопје.
    А вие што сте поблиску до епицентарот, би ви кажала да не паничите затоа што како што знаеме сите при бегање од земјотрес се случуваат поголеми белји...
    Ама па се сеќавам како ми беше мене во септември 2016 и знам дека е вознемирувачка ситуација.
     
    На cresa-jagoda, eli25 и Monny05 им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Како да се спие сега?
     
    На IRBBB и The Saturdays им се допаѓа ова.
  9. ZeNoN

    ZeNoN Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2021
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    269
    Шо е то е ... Без паника ќе помини и ова чудо!

    Еве малце да се насмејме :D

    [​IMG]
     
    На Adi888, Monny05 и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  10. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Битола е хаос има и штети среќа не се големи само пукнатини, сите сме здрави и живи што е најбитно ама стравот беше голем сега се совзедовме малку. Господ на помош и да не се повтори. :l:
     
    На Принцезичка1, Harper, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  11. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    На перница во кревет!

    Професорот Дејан Трајковски убаво објасна!
    Страшното помина.
     
    На Monny05 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Знам ама јас имам фобија. Мене ми е психички проблемот од секогаш имам фобија од земјотреси. Сега ова траума ми направи. Имам преголем дури нерационален страв.
     
    На Monny05 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.504
    Допаѓања:
    39.120
    Пол:
    Машки
    Не мора да значи дека афтершоковите ќе бидат помали од главниот (првиот) потрес, иако сите сакаме така да биде и се надевам дека ќе биде.

    Неодамна, мислам 2020, кога близу Загреб имаше земјотреси, во Петриња и Сисак, таман почнаа да се расчистуваат урнатините и градоначалникот излезе на прес, во истиот момент се случи најсилниот потрес, посилен од претходниот кој веќе имаше направено штети. Се надевам дека тоа нема да биде случај и сега.

    Со земјотресите нема правила, да имаше ќе ни беше многу полесно.

    Мора да се надеваме на најдоборото и да останеме смирени, зашто поинаку не може.

    Нека имаме мирна ноќ и следни денови!
     
    На Glowy, Цвет88, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  14. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Ајде помина ништо страшно, нема да се повтори!
    Белки нема да спиеш во кола?
     
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Не, дома сме!
     
  16. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Нормално дека дома!
    Само без страв :)
    Инаку ич не ми е јасно, шо ке прават луѓево по излегоа со колите по паркинзиве...
    Цел ден низ Битола чоек немаше сега гужва...
     
    На Ugly Duckling и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.150
    Пол:
    Женски
    Тие шо живеат во зграда на високо океј, ама другите?! Да прошетат да видат дали сите се излезени.
     
    На mal.ecka, Ahoy, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Да се отепа бе некој сеир...
    Да има шо да се прај муабет утре на кафе.
     
    На Liu, mal.ecka и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Кога здрма јако првиот пат, сите од дневната испаничија и излегоа надвор, јас лагано си ја исклучив пресата од штекер, бидејќи во моментот ја пеглав косата, па отидов до соба да го исклучам мобилниот од штекер и бавно излегов, не испаничив ич. Е арно ама ко ги видов сите излезени по дворови и во колите, и ко почна почесто да треси пак, е тогаш ме удри шок, имав паничен напад, и си лапнав едно диазепамче од петка.
    Битола беше хорор вечерва, посебно за тие што живеат во згради, знам од блиски дека лустери им паѓале, ѕидовите им пукнале и што не.... Ваков земјотрес паметам во 94 имаше мислам, тогаш бев мала, ама знам дека беше страшно, сите масовно спиевме надвор под ведро небо.

    Се трудев да останам смирена, ама не успеав до крај. Како и да е, нека поминува со олку, нека не биди пострашно:worried:
    Инаку сега пред 40-50 минути пак здрма, знам дека е природна работа и не можиме против природата, ама па и не треба да се хехенцаме, еј види ме јас не се плашам, ти се плашиш|( браво за вас ако не се плашите, ама не кажувајте што да прават другите.
     
    На Harper, Glowy, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  20. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    799
    Пол:
    Женски
    Јас не сетив мнпгу и не се плашам..на мене жиотот ми е земјотресс...