Тој појакиот сабајле во 7 што бил не го осетив, заспав во 6 сабајле и се имам добро комирано. Засега е мирно, не осеќам ништо. Штети има во домовите, посебно кај тие што живеат во згради. Ама фала на Бог, што не беше со пострашни последици на толку дрмање, плус блиску до епицентарот... Кај мене малку е пукнат ѕидот во дневната, и пукнат е ѕидниот часовник, сам престана да работи, исто и едниот телевизор не се пушта си велам може се слаби батериите на далечинското, ќе купам нови батерии подоцна, се надевам не е оштетен, нов ми беше
Животните имаат способност да ги почуствуваат брановите во тектонските плочи. 2016 септември мислам беше земјотресот во Скопје. Правевме ајвар во двор, 2 мин пред да го почуствуваме земјотресот кучето почна да трча низ двор, да лае и одеднаш се скри во куќичката. За кратко почна земјотресот. И кај нас синоќе јас осетив, првин помислив дека ми се сврте ама видов лампионите се нишаат. Се надевам сите сте добро и со лесно да им е на сите. Чувајте се.
Od site zemjotresi sto gi pamtam, samo eden bese preku den.. Kako za inaet sekogas kasno navecer drma da ne mozes da zaspies
Тивко е нема гужви по улици, плус сите околу ненаспани спијат и се слуша поќе. Не се страшни овие, само пусти страв да не се повтори вчера.
Само еден памтам преку ден. Мислам дека 2016 после тој силниот имаше некои послаби после ден-два ама на пладне