Достигната бројка од 20 000 жртви, се очекува да се зголеми за неколку десетици илјади. Која катастрофа.
Барем во вакви работи нека ја тргнат политиката на страна, нека се сплотат сите земји за побрзо да се надоместат штетите Ама не, на нив најбитна им е политиката, не луѓето! Гнаси, сите се гнаси Како не им е жал, како не им е страв од Господ Неможам да се помирам што им се случи, не дај Боже ова може на секој од нас да го снајде, секунди се во прашање Не можам да се помирам, за тие мали невини суштества што останаа без родители, душичкии. Господ да им даде сила и долг и среќен, нааааајсреќен живот Уште имам кошмари на вечер, само од неколку видеа што видов.. Како ли им е на нив? Офф душиии
Некаде прочитав дека до околу 180.000 се под рушевините во Турција и Сирија... а како поминуваат деновите, така помали се шансите за живи да ги извлечат. Жално, од што се изнагледав.. ноќеска 2 пати со плачење од сон рипнав
Трагедија огромна... Многу невини животи.. И оние мали душички, со трауми за цел живот .. Детето што викаше, каде ме носите, утре сум во школо... Оффф душа ми се кине..
Како бе немам милиони на сметка да им помогнам сироти луѓе душа ме болит кога ги гледам сликиве од трагедијава Што прават милионериве не знам зар животот е сведен само на луксузи, вили и автомобили
многу неубаво. Барем во вакви ситуации да се прекинат санкциите. Господ нека гледа нека враќа каде што треба.
Срце ми се кине Црвен крст би требало да распределува помош и за Сирија оти колку што се сеќавам рекоја дека се во контакт и со Арапската црвена полумесечина. За помош во намирници, облека, тимови, не знам. Ама како што читав Турција отворила граници со Сирија па веројатно оди некоја помош. И сметам дека се многу гадни што не тргаат санкции сега во овој момент, нема хуманост, сега "не се кршат" човековите права... Најмногу ме нервира селективна правда. Има Бог тоа ќе кажам. Инаку читав дека многу општини ќе донираат и за Сирија. Еве пример Куманово https://kumanovo.gov.mk/се-одржа-првата-вонредна-седница-на-со/ Искрено сочувствувам и со двата народа
Турција има кај нас амбасада, студенти, турско домородно население. Плус, не се во таква политичка ситуација како Сирија. Полесно им е да организираат хуманитарни акции и нивен транспорт, како што е пунктот на плоштад. Сириска амбасада немаме, прочитав дека отец Оливер пробувал да стапи во контакт со сириската амбасада во Белград. Многу потешко е да се организира било што за земја под санкции, посебно што најпогодениот дел е под бунтовничка власт, не под државна. Бројот за донации е за двете земји, се надевам дека навистина половина од средствата ќе бидат наменети за Сирија. Сироти луѓе, со раце копале за да си ги спасат најблиските. Мора да најдат начин да им помогнат и достават помош, ние можеме само телефонска донација и молитва.
Каква трагедија,срце ми се кине, на тв цело време ги следам, еве моментално се обидуваат да спасат 9 души.. Крајните бројки ќе бидат страшни Нашите роднини од Истанбул повеќето заминале да помагаат.. Повеќе нема што да пишувам, од мака ни не можам да спијам ни да јадам..
Сета помош и донирани намирници од Црвениот крст, све ќе оди за Турција.... Инаку да им е било за Сирија, кога имаше бомбардирање таму, светот ќе реагираше....
Ве молам ако дознаете каде може да се остават работи за донација за Сирија пишете ми. За Турција веќе донирав ама не можам нигде да најдам некој пункт што би отишол за Сирија.
Дали знаеш дали ќе се и викендов таму? Ќе отидам ќе ги прашам дали е само за Турција па ќе напишам коментар.
Bojnakova само што објави за помош за Сирија, ама Македонија ја нема. Претпоставувам се ќе оди преку амбасадата во Србија. Не знам дали ја следите, им одржа добра лекција на сите балкански инфлуенсери. А еве и соопштение од амбасадата.