Читав дека над 1700 афтершокови имало, голем дел над 4 степени. Се очекува со месеци да не се смири тлото. Не можам да ја замислам борбата на тие шо со денови се под урнатините без кислород и вода. Тие шо останаа, нека бидат силни и безбедни. Тешко и на спасувачите, од едно видео ќе се потреси чоек, а не па да наоѓаш стотици мртви, јака им душа. Имам другар во Газиантеп, рече дека 20 луѓе од фамилија загубил, не можев ни да му вратам на порака, нема зборови за утеха.
Има држави кои ѝ помагаат и на Сирија, а тоа се: Иран, Ирак, Алжир, Русија, ОАЕ, Египет, Тунис, Пакистан, Индија итн., т.е околу 13 вкупно, а кај Турција помагаат 42 држави. И земјата веќе не нè трпи..
незнам колку е точно. имало и Албанија земјотрес. и незнам зошто ко да сетив малку да се тресе денеска два пати. или си правам филмови. папагалов пред 15 мин збесна па се смири и само шо седнав да пијам кафе ко да стресе две-три секунди. сетивте ли нешто или јас сум грешка?
Денес имало два земјотреси во Јадранско море, во близина на Драч. Не верувам дека се сетиле во Македонија, зашто се релативно слаби земјотреси. Првиот со јачина 3.6 во 08:25 утрово, а вториот 2.1 во 11.
Во Турција уапсиле неколку души поврзани со градежни дејности. Мислев нема да се случи ова оти ретко сум слушала да има истрага после земјотрес нели оти "природата". Ама се надевам ќе им служи за памет на идните што ќе градат и во Турција и секаде.
се котат ко глувци и се гради како кај нас. Со шут материјал, а мора да градат пошо имаат голем наталитет, а не се нешо пребогати, и штедат на материјали. Како у Јапонија не паѓа нишо? а ги тресе секој ден. Башка на Турција тлото е на зафркната локација
Едно прашање.. На бројот за донации звонев неколку пати, не добив никаква потврда за донација туку само титкаше на крај. Еве, мајка ми доби гласовна порака - ви благодариме за донацијата, кај мене ништо.. Значи ова дека воопшто немам донирано или парите си се донирани?
Не можам да замислам како им е на луѓето, си живееш нормално и во еден миг губиш сѐ. Цели семејства загинати, преживеани што изгубиле цели семејства... Ме тера уште повеќе да мислам всушност колку треба да сме благодарни со она што го имаме и дека не сме имуни на лошо. Денес си тука утре не си.. И никако не можам да сфатам такви што мешаат политика и историја при вакви настани. Па колку бездушен треба да си? До каде можи да оди човековата злоба? Западното лицемерие на дело. На обични луѓе што ништо не згрешиле им треба помош, ама санкции мора да има.
Морници ме полазија, се наежив цела, срце полно со човечност и хуманост!!! https://www.slobodenpecat.mk/video-...torite-so-bebinja-dodeka-traeshe-zemjotresot/
@cresa-jagoda ова е пример за вистинска љубов кон професијата, животот на бебињата го ставија на прво место, занемарувајќи го својот... Секоја чест, камо да имаше повеќе вакви луѓе со големо срце и човечност..
јас наидов на неколку информации дека ова уствари било проба за некое сеизмички оружје. Голема коинциденција што на твитер два дена пред земјотресот е кажано дека ќе и а земјотрес и кога, а нели земјотресите тешко е предвреме да се предвидат. Друго, 3 дена пред земјотресот неколку амбасади во Турција се затворени со евакуирање т.е предупредување на странски држави да ја напуштат земјата. И јас не очекував апсење заради лошо инжинерство. Инаку кај нас вчера имало земјотрес. Осетен е во Гостивар негде околу 4ипол саат. и јас верувам во карма ама ова е многу. Тоа кому како ќе му се врати е работа на друг, наше е да помогниме. Утре недај боже нас да ни се случи нешто како би било некој да ни рече сори ама карма ис бич. Не е во ред