Frank Hoogerbeets од SSGEOS. Не предвидува земјотреси, само дава претпоставки базирани на поставките на планетите, ѕвездите и незнамштотаму, споредени со претходни големи земјотреси.
Ова искрено ми е понижувачки кон донаторите. Сигурно целава оваа облека не е дотраена до тој степен за да ја остават вака. Немора да биде со етикета, секој одделил од своето колку што можел.
Искористени гаќи, сандали, скинати пижами, свечени фустани? Не зезај ова на све личи на донации не личи. Се носи чиста и здрава облека не ѓубре, бидејќи видоа народов каков е дека носат неупотребливи работи одлучија тие да бидат нови. Зошто ѓубре не им треба доволно имаат.
Ама, не се реални. Ретко кој сака да донира ново.А, ради кризиве и ретко кој може. Ништо не фали на стари алишта ако се здрави и донесени испрани.
Не верувам дека целиот куп е од искористени гаќи и пижами. Долен веш е ок да се бара да биде нов. Се гледа по сликите што кружат дека има палта, јакни, обувки што е сосема во ред доколку се носливи. Па и фустан да е, јас тука лошо не гледам. Девојчиња останаа без се што имаа, кога ќе се опорават би се израдувале. Сепак се деца.
Земјотрес не се предвидува од сеизмолози. Како што разбрав типот најверојатно е астролог и по таа логика може да се предвиди. На сликите се гледаше сочувана облека и покривки. Ако веќе не одат во Турција (и Сирија?), можеле да ги предадат на некои од многуте на кои им е потребна, а не комунална да го собере! Ова беше страшна неорганизираност како за организација која се занимава со тоа, почнувајќи од тоа што не конкретизираа што да се носи и на што да се фрли фокус. Ако не си ја завршиле работата секако дека вака ќе заврши. Штета е што толку работи ќе завршат на буниште кога можеа и тие да бидат донирани! А не е ни прв пат.
Читав коментари наводно не им примале и чиста неискината облека ако не била нова скрос. (неносена нели)
Првично беше да е чиста и употреблива облеката, ама кога видоа што народов носи сменија да биде нова.
Тие луѓе немаат ништо. Секаде у свет гардероба од втора рака се продава во продавници. Навистина е тешко во ова време да донираш ново. Едноставно мене ми е невозможно. Еве бебешка гардероба имам куп, некоја е и само пола саат облечена. Доста нови парчиња имам за девојче ама ете се без етикета. И утре пак оваа гардероба ќе остане неискористена, греота... А дека се носат глупости за да се исчити ѓубрето од дома, тоа од секогаш било и ќе биде.
Пред некој ден имаше отоврена емисија, на некоја ТВ, за хуманитарните акции за настраданите од земјотресов. Зборуваа неколку личности, меѓу кои и поранешен министер за здравство и тој порача демек да не се донира половна облека и обувки за да се спречело ширење на инфективни агенси преку нив, зашто немале време да ги проверат пред да ги дадат некому….
Леле, колку глупо. Па и на нова може да ги има. Битно е облеката да е чиста, испрана, а не нејзината старост. На човек кој ги изгубил семејството, домот и облеката ич нема да му е важно дали донираната облека е стара или нова.
На Канал 5. Веќе носена, неискината облека можеше да се донира, ама со доказ дека е однесена на хемиско перење за да знаат дека е чиста. Тоа го имав прочитано, откако видоа какво ѓубре им носат луѓето.
Само што дел од тоа што го нарекоа ѓубре сепак беше употребливо. А, скината облека ако е со мали дупки може да се поправи со шиење. Можеа да ја соберат скинатата и да ја однесат кај некој/а кој/а знае да шие. И некој не може да фрли пари на хемиско, а ништо не му фали на испрано во домашни услови. И ново сакаат. Море... Јас да сум власт, на вакви пребирливи личности не би им дозволила да организираат донации. Прав, хуман човек не наоѓа маани.
зависи каде. Во нашиот град бараа само да е чиста и употреблива не мора да е нова со етикета. И логично, ја даваш на луѓе што одма ќе ја користат што нема каде ни да ја перат ни да ја сушат. и тие се во право.
Со огромни дупки не. Ама, ако мала може да се поправи, глупо е да не се искористи. Искусен шивач на машина убаво би средил мала дупка.Да не се ни познава. И да не ја носат таму, можат да ја дадат на некој сиромав овде.