А замисли тие таму што се без покрив на глава во шатори што седат ќе бараат шивачи за парталите што ние си ги чистиме од дома. Сега последно видов бараат играчки за сирачињата да имаат занимација за да не плачат Јас пратив пари и се надевам паднале кај вистинскиот човек што ќе знае како да ги искористи за ним Нова облека ваљда рекоја дека премногу имаше ѓубре искинати и мн контињери ги береа Ним фактички дупла работа им се отвори со плус партали што беа испратени Ама дс погледнале подобро можи и ќе најделе стара облека но чиста и неоштетена. Во Турција се најголемите шивачи што кројат мислам дека за облека нема да им е толку проблем, повеќе бараа пелени,влошки хигиенска употреба за деца Мн мн жално за сирачињата како плачат по мајка и татко
Не, бе. Читај пак. Овие овде што организираат донации да ги однесат скинатите кај шивач. На нив мислев.
Колку ладни и себични луѓе има, да ти се згади. Инаку не, со дупки облека е бизарно да се донира. Кога ги видов гаќине распрдени, искинати, ми дојде да повратам.
Мене страшен ptsd ми направи земјотресот. Се гледа ист табиет дека си имаме, истово што го пишуваш кај нив, е и кај нас. Болницата во Тетово, градена според најнови стандарди нели, изгоре за помалку од минута. Уште ми се враќаат сликите од тоа како ја снема буквално, како од картон да е. Исто и таванот што падна у тоа школото, среќа немаше деца, иначе можам да замислам што ќе се случеше ако тоа се случеше за време на час. Све е фушарија кај нас. Све. Ко врнеше дожд лани летото и се поплави Скопје, нови станови што ги продаваат по 1600 евра квадрат се наполнија со вода како базени. Само да не не снајде некоја елементарна непогода оти инаку мајката у гз ни се еба.
Пред некој ден загледав една емисија на youtube, зборуваше некој наш професор стручен за земјотресни потреси, кажуваше дека наводно кај нас од 2014 наваму се' градело по строги правила и прописи, следеле разни статистики, консултации со архитекти и инвеститори и наводно ако нашле фалинка во проектот им го враќале назад да си го преправат, ама искрен беше човекот и од околу кажа дека и кај нас имало пропусти во градењето, ама наводно не биле значајни, и цело време топката ја носеше кон архитектите. Објаснуваше дека кај нас не било можно да се случи разорен земјотрес, не сме биле во таков расед со положбата, и демек барем некои си 30 години не бил можен јак земјотрес кај нас. За тоа што се случи во Турција, објаснуваше дека не биле убаво градени објектите, посебно не биле сигурно градени првите спратови, кои биле познати како флексибилен спрат и имале за цел да бидат малтене "столб" на една зграда. Како и да е, отсекогаш постоеле земјотресите, ама камо да можеше да бидат што е можно помалку разорни.... Инаку денес, после 11 дена од земјотресот извадоа од под урнатините жива 17 годишна девојка, и тоа им дава надеж да не ја откажуваат потрагата, додека за жал во Сирија, престанаа со потрагата по можни преживеани.
Колку шо е среќна вест толку ми е и жал. Колку имало такви кои биле живи првите два-три дена, а не стигнала помош до нив. Не знам на кој начин функционираат спасувачките акции, а ме интересира, некој има познавање од ова?
Во Пехчево се има случено земјотрес од 7+ степени 1904 година (мислам оваа година). Така што можно е ваков појак. Да се надеваме дека нема нели Инаку чудно е ама куќа од дрво е многу поотпорна отколку цигла и бетон.
Сите имаме достапност до вестите на интернет, ама не сакаш да знаеш какви видеа и слики гледав во турските медиуми, и се повеќе и повеќе ми се кинеше срцето од жал и сочувство... И јас често ги помислував сите оние кои немоќно имаат викано од под урнатините а никој не ги слушнал.
Да и тоа спомна професорот, дека за градбите од дрво најопасен фактор е ветрот, што е и логично, ама дека се поиздржливи ваљда на земјотрес. Најнестабилни градби биле градбите од тули, а први на удар логично е да бидат оние со слаба конструкција. Исто апелираше да не се прават надоградби на спратови кои немаат голема носивост, и да не се прават дневни соби од терасите на зградите, како што се прави тоа се почесто денес.
Не знам јас која е поентата на овие акции. Државата и бизнисите треба да испратат нова и чиста облека, не да се чекаат смрдливи донации од секаков народ.
Жалосно е што многу криминал има со зградите во Турција, да ставиш пластично шише место железо и да продадеш стан според високи стандарди за безбедност треба стварно да си многу многу луд.
Абе кај нас знаеш како е. Се надеваме дека нема да биде, па никој ич не се замара со безбедносни мерки Демек ај бе, како не пожар/земјотрес/додајпожелба ќе се случи. Во Италија така полани им загинаа 14 души во кабина од жичница откако се скинал кабел и летнала кабината надоле. Идиотите ги онеспособиле кочниците оти сметале дека не се потребни.
Спомна и за неоснованоста на теоријата за "триаголникот". Она бараш ќоше, агол со кревет и плакар и тука клекнуваш, па демек ако дојде до рушење тука ќе се формира џеб кој ќе те спаси. Немало врска ова. Ако се руши, плочата од горе ништо не ја задржува да не се залепи на следната плоча под неа. Логика има засолнување под маса и сл. заради заштита да не ви падне плакар, слика, лустер на глава.
Маса ќе те заштити од слика, ама од цел таван тешко. Јас секогаш се потпирав на теоријата за триаголникот. После ова сфстив дека ништо и од неа. Го гледав холанѓанецот шо го прогнозираше земјотресот. Вика секогаш имајте план за спасување. Ми отвори нови стравови, сега морам да мислам во секоја соба од кај е најлесно да бегам (не дека има спас, ако не сака не сака). Или па многу ми е страв да влезам да се туширам, на готовс сум, и да не е јак на плочки се паѓа. Сте помислиле некогаш како би реагирале? А и како реагирате? Мене прва помисла ми е надвор да бегам ако имам можност. Никогаш немав страв од земјотрес, сега еден плус.