Спомна и за неоснованоста на теоријата за "триаголникот". Она бараш ќоше, агол со кревет и плакар и тука клекнуваш, па демек ако дојде до рушење тука ќе се формира џеб кој ќе те спаси. Немало врска ова. Ако се руши, плочата од горе ништо не ја задржува да не се залепи на следната плоча под неа. Логика има засолнување под маса и сл. заради заштита да не ви падне плакар, слика, лустер на глава.
Маса ќе те заштити од слика, ама од цел таван тешко. Јас секогаш се потпирав на теоријата за триаголникот. После ова сфстив дека ништо и од неа. Го гледав холанѓанецот шо го прогнозираше земјотресот. Вика секогаш имајте план за спасување. Ми отвори нови стравови, сега морам да мислам во секоја соба од кај е најлесно да бегам (не дека има спас, ако не сака не сака). Или па многу ми е страв да влезам да се туширам, на готовс сум, и да не е јак на плочки се паѓа. Сте помислиле некогаш како би реагирале? А и како реагирате? Мене прва помисла ми е надвор да бегам ако имам можност. Никогаш немав страв од земјотрес, сега еден плус.
За жал ова се покажа како точно во пракса. Многу од преживеаните кажуваат дека над нивните блиски прво врата и плакар им паѓале над нив и не успеале затоа да се извлечат, ама имаше и случка каде татко и синче ги пронајдоа живи под плакар.... На крај изгледа ќе испадне се е среќа, несреќа или пишано од кое не се бега...
Не би рекла дека новите градби со ваква блок цигла дека се поквалитетни и поиздржливи од (старите) градби со ваква полна цигла (тула)
Не е точно ова. Ти изгледа не гледаше снимки каде многу градби поминаа без ниедна пукнатина додека други нови и современи градби паѓаа како кули од карти. Имаше и такви градби кои пропаднаа над колите до нив, буквално влегоа во колите а сите стакла на прозорците им останаа непукнати на зградите. Исто и низ сите тие урнатини, нечепната остана зградата на газдите-инвеститори, кои многу јасно си ја направиле на највисоко можно ниво на безбедност, затоа што ги боли за нивните животи. Премногу жртви заминаа поради туѓа алчност, ама барем сега ги апсат ѓубрињата и ќе скапат во затвор во строгите турски затвори. Многу од газдите ги фатија со милиони долари, евра, и лири кои ќе ги префрлале во странство, ама ќе гнијат сега во затвор.
Гледав снимки таман работа уште све да се срушеше. Познато е дека фушерајски работаат и било каква роба турска е фушерај.
Не дај Боже во пракса да дознаеме за скоро кои градби ќе бидат поиздржливи, јас сум лаик за градби, ама експертите така кажуваат. Абе да, и кинеската роба е фушерајска, ама имаш и прескапа и преквалитетна кинеска роба, исто е и со турската. Во Турција која е царството на текстилот пример, постојат и скапи и ефтини работи, и цел свет, меѓу кои и ние користиме нивна роба, па еве, не гледам да одиме голи и боси по улица, ама не е тоа темата. Плус како што се гради фушерајски во одредени места во Турција, може да се случи и кај нас и било каде во светот, затоа што тука е урбаната мафија.
Јас па имам паничен страв од земјотреси. И прва мисла ми е со трчање надвор, ама се парализирам во моментот, времето ми се успорува, секундите како век ги доживувам, па и тоа не можам. Им се чудев на Јапонците кога ги дрма 9-ка, само клекнуваат и не паничат. Се е навика, и плус кај ќе бегаш ако си на 20 - ти спрат. Седиш, ќутиш и чекаш да помине. А тој Холанѓанецот... Не знам, освен да се наполниш со стравови, нема друга придобивка ако го гледаш. Каков план можеме да направиме, кога секунди се во прашање? Освен да се преселиме во приколки или под отворено небо да седиме цел живот. Ете решив да му верувам на професорот дека барем легализираните градби поминале строг надзор, и дека се безбедни при потреси кои имаат јачина (на пример) на скопскиот во 1963.
Еве јас да си кажам искуство со земјотрес. Беше тоа во 2017 г, бев на гости кај моите во Ср, со синчето. Рано наутро во 5. 30 ч или 4.30 (не ме земајте за збор, сум заборавила) отворив очи. Само што го сторив тоа чув татнење, силно, ко да надоаѓа вода, сите птици надвор се разлетаа панично... И почна да тресе, сиот мебел, трепереше тресејќи се... Јас се здрвив, во шок бев... не мрднав од креветот, а не да се лулаше... Родителите на горниот спрат од куќата се разбудија, кога престана тресењето се качив горе, тато штом ме виде, рече земјотрес... Не можев да заспијам потоа, од страв... Сите го сетивме, сестра ми се разбудила исто сред ноќ... Имаше и на вестите утредента.. Не дај боже никому... Језиво, претпоставувам како им било на луѓето од Турција и Сирија... @Ugly Duckling и јас порано мислев дека би побегнала, пред ова да ми се случи, ама ете не било така...
Цела Македонија во принцип, со исклучок на Пелагонија околу Прилеп и североисточна Македонија. Иако сепак, при не дај Боже посилен земјотрес, нема место каде истиот не би се осетил, мала ни е територијата. Само што не знам дали "опасно" е точниот термин, повеќе би рекол ризично. На табелата подолу се најсилните земјотреси во историјата кои што го зафатиле овој регион. Иако, според европскaта архива за земјотреси од 1000та до 1899. постојат уште 2-3 земјотреси околу 7 степени во периодот 1870- 1900 (ако не се лажам, имам заборавено, одамна гледав) во Преспанско- Охридскиот регион, вклучуваќи го и Поградец во Албанија.
Највише има логика да застанеш пред потпорен столб оти столбовите последни би требало да паднат, они се "скелетот" на градбата. Мада што од снимкиве, ни тоа не те спасува ако целата градба е фалш.
Не може баш конкретно да се одреди зашто не зависи само од магнитудата. Зависи од оддалеченоста од епицентарот и хипоцентарот, со колкава јачина е осетен земјотресот на површината, времетраење на земјотресот (пример Турција траеле и по 1 минута, тоа е катастрофално), длабочина на земјотресот, потоа за каков тип на градба се работи, спратови, квалитет на градба, врз што е изградена градбата и многу други фактори.
Сум помислила дека ќе истрчам надвор многу брзо. Во реалност, ќе дремам ко мисирка и ќе загинам неславно. Затоа е најубаво ич да не мислам.
Иста сум. 2016 ко беше се погоди да сум во просторија со еден куп луѓе. Сите истрчаа само јас останав да дремам ко урочена. Во такви ситуации парализирачки страв ме фаќа и прва ќе ме утепа нешто.