И јас го почуствував си седев на кревет си гледав серија и јадев и одеднаш кога почна да се тресе креветот останав со залакот во уста и брзо кај моиве и им викам осетивте и тие ме гледаат зачудено хух
Да, кој ако не ФБ? Утре во школо ако не отворат дискусија за тоа, сум дошла во погрешно школо. Леее!!! ЗЕМЈОТРЕС ЕЕЕЈ!!! МИ СЕ СРУШИ КРОВ ВРЗ ГЛАТА ВЕЌЕ!!
Јас го осетив ите како, бев под туш. Имав 2 опции, да излезам гола, и со тоа да ги стресам комшиите уште повеќе, или да се жртвуам да останам во купатило. Секако го избра ова другово, бидејки несакав комшивките да се искомплексираат.
Мене ми кажаа,бидејки јас воопшто ништо не осетив. Сите еј еј земјотрес имаше,со кој и да се сретнам мислам дека се ова ме прашува. Е јакиот земјотрес де...!
Јас го почувствував, ама работата е што во моментот не сватив дека е земјотрес, туку мислев дека девер ми стропал на вториот спрат. Ама кога се јави он на моб, кај свекор ми за да го праша дали сме осетиле, сватив дека било земјотрес.
Јас никогаш не осејќам земјотре. Пред неколку години исто така имаше земјотрес и на улицата имаше паднато дрво т.е. скрешено беше (и невреме имаше исто така) и ништо не сетив, дури сабаљето кога станав разбрав за тоа ...
Сакам да кажам... Јас ништо не осетив. Безчувствителна сум у пм.. и предходниот земјотрес не го осетив.
Сакам да кажам... Сакам да кажам дека во моментов осетив земјотрес се стресе целата земја почна масата и столот да ми играат за секунда и мислам срцево ми застана..Господ нека не чува во ова страшно време...