Не ти чини куќата. Се шалам. Не ми збори за 2016та, трудна бев со прво, го изедов у стан. Па и поплавите и се. Во приградска населба живеам може затоа не се сетило.
И јас тоа се прашувам. Јас не го осетив тој во 2016 сабајлето, мислев крадец ми влегол дома, не па 2,2 да осетам.
Каде беше земјотресов? Западна Македонија, долго тресеше. Преку 10 секунди. Не многу силен Eдит: Кај нас бил, 3.8 степени
Имаше земјотрес, во Преспанско кај Стење колку што гледам. Јас само силно бучење осетив (типичен Преспански), тресење не, ниту пак мрдаше нешто, а сум на ~20км. од епицентарот. Не очекував да е 3.8, ама ете.
Кај мене фрижидерот тропаше, јас си викам што му е, ама онака тк тк тк, не да лупа, па заниша 2 пати убаво и пак на крај така фрижидерот тропкаше и толку. Вториот не го осетив, заспана бев. Фала Богу што не го осетив, ко сеизмолошка станица сум. Од тој во Албанија пред 3 години што беше, уплав добив и од тогаш секој земјотрес го осеќам.