За кого како раат.. има некои овде и многу слабите ги осеќаме.. После 2016 едно 10 само појаки и умери имам осетено и уште толку сигурно послаби.. Албанија, Грција... Тие беа јаки исто
Јас па не осетив толку тресење колку што слушнав тропање, си реков дојде некој тропа на врата ама ми беше сумљиво и гледам се ниша лустерот. Позападно ова, во Скопје сигурно било пострашно.
Тука се слушна звук ко експлозија само што тресеше секунда/две еве три макс ... али баш ко некоја бомба мала да пукна
Тој во Албанија да, јак и долг беше и тоа сред ноќ ме разбуди ама пак се осети дека е далеку, немаше звук. Овој пат имаше и знаев дека е блиску затоа и сега ми се наврати хоророт од пред 10 години. Тој звук и тресење ми предизвика анксиозност и кошмари, месеци после тоа немав спиено. Затоа сега се испопотресов, само да е најлошото поминато.
Не слушнав јас звук, во Скопје си? Обично многу блиску до епи е со звук.. Ама језиво секако.. Ја ако ви кажам дека и од Романија мислам беше, земјотресот го осетив... Еве сега станав да земам вода и нешо за грицкање за при рака..
Леле јас на фотеља во дневна, кога фати да тресе.. кога се укочив со една нога доле пуштена... дали да бегам, дали да чекам А маж во спална со најмалово (18м), и му викам, примети она? Вика: Примети уште пред да удри Ми покажа накај плакарот (вграден со лизгачки врати), и по 3 сек почнаа вратите да се отвараат, затвораат Инаку имало и вчера на истото место 2.8. Којзнае дали ќе се смири или тек се спрема и на појако
Јас сетив од пелагонискиот регион. Не знаев дека е земјотрес прво, седев на стол од овие канцелариските и осетив слабо нишање ама мислев столот ме заниша. После пишаа дека имало земјотрес тој момент и ми дојде известување на мобилен.
И ја сум во зграда.. Но, не е скопски не се грижи. Е афтершок може некој да се осети. Само се надевам дека ова беше х Главниот. Со природа правила нема
Луѓе а осети ли некој денес земјотрес околу 18:40? Сестра ми вика и тогаш имало краток. Или се истрипала нешто? Иначе овој ме стресе уште се тресам стварно се потсетив на 2016, дај Боже да е последен.