Па и не. Не, само многу е невкусно зезање за толку сериозни теми. Ме нервира ширење непотребна паника, непроверени информации и глупирање за кликови и лајкови. Не се качувајте во лифтови денес и прочитајте упатство за однесување за време и по земјотрес.
Леле јас живеам во источна Македонија и кај мене се почувствува земјотресот точно во 15:11 часот си седев си гледам телевизија, си пијам кафе и оп одеднаш столот со се мене се подигна од земјата и сликата на ѕидот почна да се ниша... И други луѓе го осетиле ми кажаа.. Страшно слушам на телма имало и некакви мали штети во скопско
Бидете благодарни на Кензета Тангета од Јапониана што ја објасни важноста од градење сеизмолошки отпорни згради. И не го обвинубвајте Господ за ова, не е тој кој што испраќа Земјотреси и не е тој кој што им кажува на луѓето каде да се населат и како да градат. Господ штити и благословува ако сме доброволно отворени за водство. Чувствата кои земјотресите ги предизвикуваат кај луѓето треба да се сфатат како можност за преобраќање - здрмување на човечките погрешни представи и шеми на мислење и однесување поради кои целата природа страда, а на крајот и луѓето самите. Можно е, нема ништо чудно во тоа. Постојат мејн (главни) шокови и афтер (последични, оние потоа) шокови но и фор шокови (предични). Доколку афтершокот е појак од првиот, тогаш првиот станува предшок (фор шок) а вториот главен (мејн). Инаку, Рихтерова скала ви кажува јачина, но колкаво оштетување е предивикано се мери со меркалијева скала.
Сабајле ме разбуди, притисок паѓање, прееска пред некој саат беше пристрашно! Сега пред 10 минутки и јас го осетив,многу малку ама доволно шок и страв да предизвика... Да се надеваме се ќе е во ред, покрај земјотресите и стравот сите што го преживуваме и стресот е лош... Страшно
Камо да беа сите згради изградени асеизмички... Статистиката вели дека само 1 отсто од зградите градени последниве 20 години се со асеизмички сертификат. Тие градени помеѓу 1965 и 1990 се веројатно најбезбедни. Јас дома бев, во куќа, само што излегов од туширање. На сета мака си помислив ако нешто се случеше, а јас вака без облека, како ќе ме вадат спасувачите
Отиде Телекабел. Прво го снема CMTS-от за Маџари во 15:10:07, потоа цел BGP автономен систем. Еве пробајте Кајгана да отворите или Сител. Од Неотел: traceroute to 89.205.76.1 (89.205.76.1), 30 hops max, 40 byte packets 1 80.77.144.209 (80.77.144.209) 0.454 ms 0.547 ms 0.650 ms 2 te0-0-0-0.rcr11.skp02.atlas.cogentco.com (149.14.128.9) 0.786 ms 0.886 ms 0.941 ms 3 * * * 4 * * * 5 * * * ПС: Тукушто автономниот систем се врати. Од Неотел: traceroute to 89.205.76.1 (89.205.76.1), 30 hops max, 40 byte packets 1 80.77.144.209 (80.77.144.209) 0.428 ms 0.532 ms 0.649 ms 2 * * * 3 * * * 4 * * * 5 * * * Али сеуште HFC интерфејсот на CMTS-от за Маџари не е подигнат/достапен: Од Неотел: PING 89.205.76.1 (89.205.76.1) 56(84) bytes of data. --- 89.205.76.1 ping statistics --- 5 packets transmitted, 0 received, 100% packet loss, time 4014ms
Слаб имаше и сабајле после тој големиот во 7 саат, па еве пак здрма јако, што не значи чим има слаби дека не може пак јако да удри. Најголеми штети гледам дека има кај овие што се во стан и на високо. Последниов не го осетив бидејќи седев во двор.
Како може некој да предвиди земјотрес? Во 16.30 ќе имало, па предвидел пријателот што работел во завод во завод... Ете еден саат помина. Не ширете дезинформации безврска аман паничари. Најмногу што ме нервираат се паничари. Кажаа и н вести, и да има пак не се плашете пошто нема да предизвикаат катастрофи.