Не сакам да звучам ко некој лош или не знам што, само... Дајте, релакс! Против природните појави НИКОЈ не може ништо. Спиеле или не - ќе се случи или нема да се случи. Не само земјотрес, што и да е. Тоа НЕ СЕ КОНТРОЛИРА НЕ СЕ ПРЕДВИДУВА НЕ СЕ СОПИРА Така што... Не нервирајте се. Ако е така , тогаш ќе треба секоја ноќ да сме на штрек мислејќи дека нешто лошо мајка природа ќе ни приреди...
Treba li ova da ni se sluci za da sfatime i da se zablagodarime na bog kolku e samo toplata postela sto ja imame.
Веројатно тоа е до мене што така смирено ги прифаќам законите на природата. Не се трујте, луѓе! Живи и здрави сте, не бидете такви песимисти. Па дури и во најлошото човек МОРА да остане присебен.
Пријателчиња доколку не умеете да медитирате Би Ви препорачала да си ја пуштите песнава на слушалки и да си легнете Сигурна сум дека ќе се опушти и ќе успеете да се смирите и секако да заспиете
Истата сум... Пред да излезам ја кренав и бацив иконата на Богородичка дека беше паднат. Добра ноќ и да нема веќе ништо....
При ваква состојба уште за со слушалки некој да заспие треба Абе убаво е да се опуштат луѓево ама сепак едното око барем вечерва нека го чуваат отворено. Спиете раат, не се секирајте ете и на вести кажаа дека нема место за паника, и да почувствате пак не е ништо страшно, нема да е катастрофално. Опуштете се, само немојте со слушалките во уши де
Ви пуштете си ја песната и кулирајте Кики Маус вечерва (како и вчера) е трета смена, ќе ве чува, ќе ве пази Ич да не се секирајте
Абе одма ние за се имаме решение Почитувани корисници на Форум Фемина Ве известуваме дека доколу сте во паника и бессознание, обратете се кај мене или кај колешката дежурниот синоптичар КикиМаус, ќе Ве упатиме и ќе Ви помогнеме во секоја прилика!
Растураме и магии, со црна чорапа...и слични други непогоди што можат да се десат успат! Не срамете се, повикајте не! Сами ако не се изрекламираме, кој ќе не изрекламира друг
Со љубов Џоли и Кики! Сами си пишуваме на темава, некој од прееска ако гледа последно мислење во земјотреси, се плаши може Сите очекуваат некаква информација, а ние сеа најдовме раклами да правиме. Исто кога ќе почнат реклами на сред филм...така ние...осет да се немало