Таман од сабајле да има што да зачистат низ форумов што се собирало од цел викенд понеделнички да почнеме....
Комшијата во летниковецот во двор спие.. Инаку пред неколку минути завибрираа прозорците но кратко беше...
Вработените на каса први избегаа И без навреда, не е за смеење ова е страшно знам осетив на своја кожа, ама ми падна смешно видеово пошто скоро сите мушетрии во моментот носат марами ( или како и да им се викаат тие на глава) и изгледа како пингвини да трчаат од зад рафтови Ајде доста беше дежурање и глупирање, луѓе спиете раат Господ е голем и ќе не чува сите. ДОбра ноќ.
Среќа не дежурам само јас..Душава ми плаче за сон.Пусти страв не можам око да,склопам.. Никогаш не сум била волку преплашена.Ми трепери душата.
По хотеливе обезбедувањето и вработените први избегаа , никој не и му текнало да направи контрола да помогне на гостите или сл. Секој за себе работата е. Него Се враќам од град гледам луѓе по коли спијат или седат на клупи и чекаат уште... јас ќе си легнам оти треба рано да станам. Претпоставувам сите се во шок и страв оти ваков земјотрес не осетиле бар 20+ год, повеќето не ни знаат што е земјотрес прав. Тоа се виде кога сабајлето сите се заебаваа на фацебук, ама после оној во 3 саат некако тивко стана, никој не му беше смешно.... тоа беше прав земјотрес Е сеа се надевам барем еднаш институцииве ќе бидат во право и ќе погодат дека еднаш на 10 год или колку се тресело јако.... (нешто ко со поплавите 1000 год било па после 5 дена пак се поплави...) Него џабе дежурате, прво нема да има разурен земјотрес , све што може е некој од 3-4 степени у 5 сабајле да мавне и тоа е тоа , а друго дури и по некоја 1 во милион шанса да мавне разурен земјотрес, ако било пишано тоа е тоа и готово. Ако толку ви е страв барем идете во кола и спијте таму. Вака барем ќе се наспиете подобро него да дежурате...
И да се случи нешто легнете до креветот или во рамката на вратата застанете, немојте под маса или под скали.. Инаку глувци ми шетаат низ дворот...... 3-4 глувчиња видов.....
Пред 15 минути бев надвор.... цивкаат и се бркаат низ двор па земав ги размавав со папучи да избегаат..... Ова чудо во мои 16 години прв пат гледам....
Роднина со куќа на водно , надвор од Скопје викендици или слично , шатори па на некаде парк водно.... Ако немаш ниедна од тие опции тогаш дома ќе спиеш.
Јас пред година дена си отворив шатор во двор и си спиев во него 2 дена и после цела населба збореше дека сум се мрднала од паметот Дури и мајка ми ми рече на психијатар да идам А јас од пуста желба за на кампинг, ама немав слободни денови од работа па затоа кампував во двор Сеа ако пак ме видат со шаторот ќе соберат петиција за во бардовци да ме носат