Не може да е крај на Светот на 21 мај. Имам јогурт што трае до 26. Жално е колку брзо можат да се перат мозоците кај нас.
Не беше за твојот пост, туку за тој дека сите ќе умреме на 23 според гледањето на сектите и она со мил Боже ако така треба да биде... Океј сега, најозбилна сум, повеќе од било кога. Слушам како пукање... Значи не пиштол туку како да се рони нешто...
Во Битола имаше сабајле земјотрес. Мене па ич не ми е страв, а мајка ми малку да здрма и жената во секунда е долу пред зграда и ме вози низ град со колата.
Јас не го осетив, значи не бил доволно јак. Мене ми треба нешто навистина јако да ме раздрма или вие сте мекички?
За жал ама да, Скопје е во трусно подрачје Не е само земјотресот во 1963. Последниот, го знаете...во 1963. Затоа Кензо Танге ни спремил урбанистички план како оној во Токио. Само не бил спроведен во целост.
Ах... да можев да разберам... зошто толку песимистички... од земјотресот ке сме умреле, ке сме загинеле... Точно е, ама кој рече дека од земјотресиве? Па и да биде, не е ваша работа да се плашите. Си има мечки задолжени... Поздрав феминки и стоите под каса на врата http://www.youtube.com/watch?v=BmgTw_Ikv2E
Нити го осетив, ниту пак се плашам од земјотрес. Маж ми е паника невидена, ако треба ноќта и надвор ќе ја преспие, на 6 ти кат сме
Цитат од една страна :Странските весници откриваат дека следбениците на Фемили радио деновиве можат да се забележат низ повеќе економски слаби држави низ светот за да ја пренесат страшната вест.Причината за појавата на ваквите секти и зголемувањето на бројот на приврзаници, велат социолозите е во нестабилната економска и политичка ситуација и можноста да се манипулира со посиромашните граѓани. Никој не го знае судниот ден и час! Што вели црквата? Свештените лица од Скопската епархија велат дека станува збор за класична злоупотреба на светото писмо и лажно толкување на Библијата што го вршат групи што имаат единствена цел да ги отуѓат луѓето од вистинската вера, а пропагаторите да се здобијат со материјална корист. - Никому не му е дадено од Бога да го знае судниот ден и час. Тоа е голема тајна за сите нас. Нашиот Господ Исус Христос вели: бидете будни зашто не го знаете ни денот ни часот кога ќе дојде синот Божји. Од оваа заповед и порака јасно се гледа дека во ова време на лажни учители пророци и други лажни спасители треба да се верува единствено во црквата која е буден стражар на правилното догматско учење засновано единствено на темелите на светата Библија, вели прота Пајко.
Јас сум оперирана од вакви работи. За да почувствувам дека има земјотрес треба креветот да фати да ми шета низ соба.
Пак имало земјотрес па вчера имаше сабајлето леле ама ми се страв од тие земјотреси цркнувам од страв,кај ми требаше да прочитам сега ќе го мислам земјотресост земјава почна насекаде да се тресе
Во кој градови имало земјотрес оти јас ништо не осети. Имало ли у Штип ? Јас ништо не сам осетила, ниту пка сам некогаш осетила , малер тежок сам а баш ме интересира какво е чуството