богами ќе полудиме ...вчера бев прибрана и покрај цел стрес ради моите да не дигам паника ама нервиве веќе попуштаат нит ми се јаде нит ми се пие нозе ми се тресат
Го осетивте? http://m.emsc.eu/earthquake/earthquake.php?evid=530127 Повеќе училишта ги пуштиле учениците од настава се надевам и во моето школо ќе не пуштат.Страв ми е искрено...
Чувствувам вечер пак ќе дежурам...уште 3 кафиња и јас сум стражарот денес.. Јас на линкот што го пратив избројав 22 земјотреси во Западна Турција.. леле аман веќе.
Јас осетив ептен слабо, си викам ова во потсвеста ми навлезе, сега на секое ќе мислам дека е земјотрес и истата минута другарка ми пишува како и кај неа здрмало малку...
Договорено..иако вирутелно се дружиме помалку ми е страв кога комуницирам со некој.Колку толку заборавам на стравот..
Kолку повеќе мислите на тоа толку повеќе ке се плашите од истото зарем нема нешто убаво на што би мислеле за да ги отргнете тие мисли од глава.Ако било пишано да се умре човек и во одење ке се сопне и ке се утепа некаде ајде било и поминало не мислете на тоа веќе.
Немојте да паничите девојки. Дури и да доаѓа земјотрес, не можете да го запрете. Обидете се да останете присебни - кога размислувате трезвено ќе знаете како да постапите во секаква ситуација, паниката и стравот може само да ви одмогне. Мирно спијте, продолжете со животот и не размислувајте околу ова. Немојте да се вадите од памет и при најмал потрес, голема е веројатноста дека заради стравот од вас самиот ум ве лаже и преувеличува.
Јас сега искачам од дома се молам да нема ништо пошто ќе ме фати паника лошо ќе си поминам..ко што сум паничар..
А јас таман помислив од психава ми се причини, и дека е од ова што се гради и бучи цело време баш спроти мојава зграда... Аман, доволно ми е за сите земјотреси во овие 19 години што ги немам осетено
На факултет бев кога дрмна сега пред нецел саат. Има испукани ѕидови на факултет кои се бааааш видливи, а има и по канцелариите на проф. исто. Сум задремала крај 6 и пол и во 9 станав. Очите филџани.
Е сум видела паничари ама ваква ко тебе, не абе што ќе постигнеш со паники? Ништо нема да биде, опушти се малку те читам цела вечер не си спиела. Тешко на луѓето околу тебе кој знае колку паники им прајш... Тргни ги мислите од Ѕемнотресот малку.