Срам да ви е ! Цена ноќ ве чувам и ништо немаше, на раат спиевте Во 9 легнав, абе 3-4 саати да не можете да ме почувате Го оставивте да ме здрма И пак да си се подмочам
Како ги осеќате бе помаливе земјотреси? Јас го осетив само тој вчера во 3 саат што беше, друго ништо... Језиво беше ептен ама среќа пројде. И со паники и грижење не си правите добро себеси, само си додавате стрес... Опуштете се, знаете дека вакви природни катастрофи не се спречуваат или предвидуваат.
Нема спас и денеска Имав гости,и додека варев кафе,се случи последниот потрес,они во иста минута ,иста секунда,како куршум,изрипаа и застанаа испод вратата Човек ни да плаче ни да се смее
Па и овие новинариве се едни те исти прашања им поставуваат на сеизмолозиве. Дали постои некоја апаратура што би предвидела земјотреси... мислам дека вчера 30 пати одговорија на прашањево дека во Македонија немаме такво нешто, освен тоа им кажаа и 100 пати дека земјотрес е тешко да се предвиди со било каква апаратура! И јас сум паничар ама вчера кога здрма јакиот сфатив дека со паника ништо не се постигнува, баш во тие моменти треба да се размислува тревезно. Да не мислиме на тоа, да не си правиме додатни стресови, а и не верувам веќе да има јаки потреси после оној вчера.
Јас раат спиев пошто ти, @tea20 @joy1 и уште некој, не чувавте во секоја секунда од ноќта.... Одете сега спиете раат вие, а ние ќе ве чуваме. Легни си пак дур не си расонета.
Бре бре, зарем верувате на вакви квази-научници? Баш отворив профилот и исчитав доста коментари и можам да кажам само дека прост народ секогаш ќе има што ќе верува на вакви самопрогласени предвидувачи. Те цитирам зашто и јас баш ова сакав да го кажам. Поплавите немаат врска, а доволно е да сте читале малку повеќе за геологијата и тектониката на плочи (наместо јасновидецов Павлов) и секој ќе знае дека поместувањето на плочите оди многу км подлабоко. Водата од дождот кога ќе ја упие земјата оди колку?... неколку метри? Едит: темава ја наполнивте со оф-топици.
јас па не сум паничар смирена сум ама коа стресе тој вчера во 3 бегав и врискав колку можев нозете ми се потсекоа сама бев башка и јас така си мислам ејј остани смирена иди под врата ама не е така друго е кога се спремас пред да се случи друго е кога се случува во моментот или се укочуваш или бегаш како луда ретко кој останува смирен
И јас едвај заспав. Чим ќе затворев очи ми се појавуваше сликата кога цел тргвски над мене се тресеше, накај 3 и нешто заспав. Инаку прееска имало пак? Ништо јас не осетив И поплава и земјотрес научно немаат никаква поврзаност. Не тресете без врска.
Не дај Боже пак да треба да се дежура за ваква работа... ќе дежираме ама за журки да правиме Ајде ќе се смири сега ситуацијата и ќе си заминат Ѕемнотресите кај што им е местото. Вечер ќе прославуваме за вчерашниот кошмар што е зад нас.... Со музика и песна порано ги бркале лошите духови, па вечер сите да сте скоцкани и ќе играме
Јака ти душа миличка, јас барем 3-4 саати поспав Издржи некако и кога ќе дојдеш дома правац кревет. Не смееш вака, мора да си наспана и одморена за малите душички дома
Имам некој немир проследен од вчера 6:58 до моментов. Цела вечер око немам склопено. Мислам дека желудников ми игра чочек. Страашно. Немам коментар.Како што е Господ никој не е. Се молам за сите. За целиот народ на оваа планета. Непријатели,пријатели,роднини,фамилија најблиска,дечиња,без разлика на вера националност, сите по ред господ да ве чува па и мене. Мили ни се животите. Синоќа срцето ми се распарчи.Стара бабичка пред зграда плаче.И викам што ти е бабе,со солзи ми одговори: "дете '63та одвај преживеав,страв ми е.тешко ми е сама сум". Чувајте се