Кој беше тоа што викаше , абе смирено е , ок е поминаааа... КАКВО ПОМИНУВАЊЕ БЕ...... ЗИМАЈ шаторот и вечер у парк спиење
Добро е да се знае кому каде му лежат приоритетите. Јас од раце џитнав лаптопот да ме нема надвор, мајка ми стана ќе го држела ТВ-то да не се преврти.
Аман бе, аман... Жал ми ако навистина толку се исплаши, ама навистина нема потреба сите овде да ги паничиш. Од 63та земјотресот беше 6.3 степени, а вчерашниот 5.3, значи цел степен разлика, а во сеизмологијата секој следен степен е десет пати појак од претходниот. Според некои анализи што ги читав, земјотресиве се со епицентри по работ помеѓу Скопска Црна Гора и скопската котлина, каде има природна раседна линија. Предизвикани се од големото количество вода токму таму, т.е. од ерозијата на почвата која оди во длабочина до раседот. Не е поплавата директен причинител, секако си тлеел процесот, но поплавата го стимулирала, т.е. убрзала. Инаку најголемите светски научници како најбезбедна самозаштита при земјотрес ја препорачуваат drop cover hold on стратегијата, односно спушти се на колена (под маса), покриј ја главата и држи се за ногарката од масата. Google малку. Спојлер: drop, cover, hold on. http://www.dropcoverholdon.org/ http://www.shakeout.org/dropcoverholdon/ http://www.earthquakecountry.org/dropcoverholdon/ Додека пишував, стресе уште еднаш. Не се паничете, тлото се смирува. Веројатно ќе тресе уште неколку пати додека се стабилизира.
Луѓе сама сум дома не знам што да правам моите се излезени Многу сум исплашена не можам да се соземам Почнав да се дерам,и плачам им се јавив одма на моите сега ќе дојдат.. ама многу се стресов..
Какво смирување? Овој можам да речам дека беше приближно ист ко оној од вчера само што сега беше вертикално.