Утре ја идам на час во Скопје англиски,на факултет више од 1 Октомври.Се надевам дека нема да биде ништо,дека нема да има земјотрес.
Хахаха, директоркана мoja e наjголем паничар на свет ама нема шанси да не ослободи неkoj ден, ако треба ке ме тера да возам секоj ден од друг град до Скопje за на работа. Не е едноставно да се прогласи вонредна состоjба, а според мене и сосема непотребно во моментов.
Тек сега паника ме фаќа Ја разгледав страницата на тој Владо Попов,и ништо,ама ништо не ми е јасно Вистина ли е ова што ни се случува Има ли некој што ќе го спречи ова
Ме здрма во момент кога помислив ајде добро е нема да дрма вечерва, ќе земам да јадам и да седнам да пишувам. Отворив фрижидер и почна. Цел саат стоев пред зграда со мајки со малечки деца, кое плаче кое на спиење го земале и слегле долу. Хаос. Какво куче, над мене има 2 во станов ни дур беше, ни пред да биде ни откако помина залајаа. И не се некои виршла кучиња, едниот ретривер другиот врска немам шо раса е. Осеќам и вечерва нема да спијам.
Каков е народов овде зборови немам. Зошто на вакви работи се исмејуваат, некој вика малце било појако да здрмало, една лудача другарка ми вика оргазам имала кога дрмало, песни некои ставаатт дрмај дрмај.. Кај ќе им оди душата на овие.....
Абе дај не забегувајте каков вулкан, човекот забегал па и вие по него ќе одите. Јас како што сум сама овде многу ми е страв (и покрај тоа што сум на приземје). Цела фамилија гледаат по вести дека земјотрес има и сите загрижени ми ѕвонат, прашуваат како сум. Решиле ќе доаѓаат по мене а јас се правам храбра и ги смирувам. Им велам дека нема потреба и не е толку страшно како што прават да изгледа по вестите, ама искрено многу ми е страв. Не сакам да ги загрижувам повеќе секако и така доволно испаничени се. Страв ми е да отидам до бањата, страв ми е да заспијам а и кога успеам да заспијам сонувам земјотреси. Знам дека не се големи земјотреси и дека не е толку страшно ама не сум навикната и најверојатно затоа толку паничарам. Се надевам дека нема да има повеќе земјотреси и дека ќе можеме полесно да спиеме.
Вертикалните земјотреси предизвикуваат бранови движења кои идат горе-доле и тие бранови патуваат 1.9 пати побрзо од хоризонталните.Енергијата на вертикалните земјотреси иде нагоре,односно целата јачина од нив иде горе во површина т.е завршува во куќите/зградите.Значи целата таа енергија завршува во самите стамбени објекти на површината.Кај хоризонталните,таа не завршува во нив туку продолжува да се шири.Во светот има стотици илјади земјотреси секоја година.Да беа хоризонталните оние кои рушуваат,тогаш цела планета ќе беше срушена сега,немаше еден град и село да има цело.Не е до сеизомологија колку што треба да ја познаваш физиката Ова не значи дека хоризонталните се секогаш слаби земјотреси.И они прават штети,но вертикалните срамнуваат со земја(хоризонталните поретко). Земјотресот кој го сруши Скопје,на самиот почеток почнал како хоризонтален но се трансформирал во вертикален(како тркало),и последиците ги знаеш.Еве ти шематски објаснето за Скопскиот земјотрес(ова е извадок од книга,ги имам со црвено обележано промените): Значи,зависи дали тектонските плочи се движат хоризонтално или вертикално.Како што се движат тие,такви земјотреси и создаваат,хоризонтални и вертикални.Еве ти на пример за земјотресот во Јапонија во 2011.Објаснувањето почнува од 3:56 секунди: Значи,вертикалните земјотреси создаваат компресија на силата која ја ослободуваат во однос на објектите горе на земјата.Затоа се поразорни но и поретки.
Па Косел во Охрид е активен вулкан. Инаку на темава мене да ви кажам искрено ама ич не ме фаќа страв ко да се навикнав.
Во школо стакло на глава ни паѓа среде земјотрес, али си седиме онака лабавко. Поздрав до директорката која дава наредби а самата не се појавува.
мачката ми мјаука ко луда трча во круг по маса вика и гледа накај надворешната врата едвај ја смиривме сега