Во ист ден падна сателит во Пацификот, а кај нас здрма земјотрес... И АЈ ПОСЛЕ КАЖЕТЕ ДЕКА НЕ СЕ ПОВРЗАНИ И СИТЕ СМЕ БЕЗБЕДНИ, АЈ ДА ВЕ ВИДАМ! ЌЕ УМРЕМЕ КАЈ И ДА Е!!! СИТЕ ДО ЕДЕН, МЕ СЛУШАТЕ!? СИТЕ!!! АААААААААА!!!!! *патем, не го осетив земјотресот, а буден бев.
Мене малку ми се стресе креветот а јас таква замислена и осеќам и ги ококорувам очите си мислам дека од што сум замислена почнал креветот да ми се тресе хаха ,после ја прашав мајка ми дали стварно беше земјотрес да не ме направи некој ненормална
Како може да не те разбуди земјотрес, ќе се испомочав од страв. Плус дека човек кога ќе го разбудат од спиење е така, троа потресен, а тек па земјотрес кога ќе те разбуди.... И видовме дека во спалната паднале на сестра ми играчките од шкафот. Тоа и така е нестабилно, уште земјотрес му треба. Неубаво чувство, се чувствуваш немоќен пред природата. Не знаеш каде да бегаш и што да правиш.
Го осетив и те како. Се извинувам што ќе бидам сега премногу директна ама интересна случка беше тоа. Станав од спиење, го измив лицево, забите.. И ајде да мочкам, седнувам на вц шољата и почнува да се тресе а јас со неа.. Ај тоа туку средството за чистење било на ивицата на прозорчето кое што се наоѓа точно над шољата. Ми падна тоа врз глава а по него и една огроомна помада која што ја користи мајка ми тешка цел тон.. Сега имам џумче, за среќа не е нешто големо.. Ама ме боли главата бре. Спојлер Мамицу ти јебем земјотресу!
Ејј, многу беше добар земјотресов денес.Седам на фотелја, гледам тв и наеднаш ми се стресе фотелјата.Си викам-не ме држи ваљда уште тоа вискито од вчера
Прв пат да осетам, спиев од гаќи ме извади Ми се нишаше креветот, а немав никој во него освен јас Не озбилно, многу беше јак земјотресот.
Ме разбуди и срцето в заби ми дојде!!! Како што ми е од картон зградата 200 филмови ми прелетаја низ главата. Цел ден ко на шилци да седам. Ама јас си имам уплав од земјотреси од тој 1995 во Битола, така да и на најмал земјотрес бурно реагирам.
Спиев и почна да ми се лула креветот а ја уживав , си продолжив да спијам само и реков на мајка ми , мамо земјотрес
Јас го осетив овој денес, ме разбуди и не мрднав од кревет, недај Боже да почнеше зградава да се руши јас прва доле!