Мирно беше до пред пола саат. Седев со отворен прозорец ама ептен почна нешто да бучи... А знам дека не ми се причинува.
Цело време трипам дека слушам нешто, ама не мрдам. Сега излегов на тераса ништо не слушам освен коли, автобуси, чавки и гаврани.
Lezhev odvaj mislev kje zaspijam nishto. Znam osetiv drmanje ne vidov kolku e saat probav da ostanam smirena ama nemozhev.Spieme site u dnevna majkami mislam deka rakata i ja iskrsiv od stiskanje..i pak ne zaspav
Готовооо му го фативме распоредот на земјотресот , за време на ноќни часови не дрма, само од 07:00 - 21:00 му се работните часови
Lele majko..polagam od 10 ako zadrma dur polagam ke bide smeenje hahaa. gospode pomagajjj.. ne za dr faksot ke se urne.. hhhh
Не знам кај пишав ама знам дека тука по темиве - Турција е такво подрачје што лежи на две тектонски плочи. Затоа има и земјотреси таму, што сега ги гледате оти дремете на страната. И аман со квази сеизмичари, видовити, некакви чкљ теории.
И синоќа око не склопив. Еве очиве не можам да ги отворам, а да го испијам кафево треба да испаднам некои работи да завршам. Добро утро дечки. Јас како да осеќав некои вибрации само околу 05 саат како што сте пишале. До сега е мирно, па да се надеваме на мирен и поубав ден.
Дај нека го уапсат овој Рихтер, опасен е, бељи праи, низ цело Скопје се прошета !!!!! Малце на шала да свртиме , хехе
Толку лоши работи ни се случија за кратко време што мислам дека ми се скрати животот за најмалку 10 години. Прво поплавата па земјотресот. Повеќе незнам дали има земјотрес или мене нозете ми се тресат од страв.
Јас кога заспивав околу 5 на неколку пати како да осетив вибрации и се будев нагло. Прв пат така, обично не се плашам од такви нешта...
Дечки, имаше ли некои потреси до сега? Некои викаат дека имало, некои не. Гледам тука не сте пишале ништо. И да имало, јас можеби не сум го осетил зашто во движење бев.
И да имало мали биле штом никој не ги сетил. За овој Павлов не знам што да речам. Некои го викаат луд, некои му веруваат. Пред точно еден месец кажал дека на 11ти ќе има земјотрес ама никој не го сфатил сериозно. Сега тврди дека има вулкан, ама пошто повеќето го исмеват тој се налути и ете пишал повеќе да не му се обраќаат! Ќе се видиме на денот на големиот крст (крстовден). Тогаш ќе имало катастрофален земјотрес, а ќе сме дознаеле и за вулканот. Отсега ќе си ги предупредувал само тие што му веруваат, и неговите најблиски, а за другите е недостапен. Кој датум е Крстовден? Сакам да мислам дека тресе глупости ама како го предвидел 11ти септември? Не знам, стварно во мисла ме стави.