Ве читам од пред два три дена, цело време Павлов па Павлов.. Му отидов на профил и разгледав што има. Човеков не ќе да ми изгледа нормално... Особено не после овој негов коментар : НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГОЛЕМ ГРЕВ Е ОВА ШТО СО ПАВЛОВ ГО ПРАВТЕ !! Мислам Боже мој. Кажува не докажува. Ако бидне погодив, ако не грешна проценка. Не може никој да ме убеди дека може нешто да предвиди не особено земјотреси и вулкани. Од цела планета баш Павлов да предвидува?! Не! Не! И не! Само во Господ верба и во ништо друго. Ќе биде онака како што тој сака. И не се плашете веќе и спијте си мирно, особено девојката што пиша дека се онесвестила во школо.. Помина се, се враќаме во нормала.
Јас 1000 пати прашав и пак ќе прашам пошто никој не знае да одговори: А како го предвидел тоа за на 11ти септември? Значи има пишувано неколку денови пред 11ти, дека ќе има нешто? Како го предвидел тоа? Нели земјотреси не се предвидуваат? Додека не се вразумите, или ќе поминете (цела земја) како во неделата на празникот Св. Јован Крстител или ќе биде полошо за Крстовден.... ЗНачи човеков ме плаши.. ..од кондури се вадам кога читам...
Упм веќе.... За разлика од изминати ноќи сеа не можев да спијам... Ми жежи лице, тахикардија. Како животно да сум..
Значи таман си реков мирно е, и мирно ќе си заспиев, коа здрма се, од кревет срипав. Параноја више почна да ме фаќа од ова, на секој звук се штрекам.